Евростат, статистичката агенција на Европската Унија, има создадено концепт на Поголеми урбани зони (ПУЗ) во обид да ги хармонизира дефиниции на урбанизација во Европската Унија и во државите надвор од Европската Унија. Овие дефиниции беа договорени помеѓе Евростат и националните статистички служби на различните држави на Европската Унија по повод создавањето на програмата Урбан Аудит на Европската комисија во 2004. ПУЗ се критикувани поради нивната недоволна хармонизација на податоците, кои сè уште се собираат од националните влади во рамките на нивните локални административни единици, со што понекогаш е тешко да се споредат ПУЗ од различни земји. Во 2006, околу третина од дефиницијата за ПУЗ е сменета, значително подобрувајќи ја споредливоста на дефиницијата за ПУЗ во разни земји. Неколку градови, како што се Марсеј, Лил и Ница, се исклучени по дефиницијата од списокот на ПУЗ од технички, дефинициски причини, како што е совпаѓањето на метрополитенската област со урбаната зона.
На последната рунда на Урбан Аудит се додадени градови од земјите-кандидати и ЕФТА-државите.
Урбани дефиниции на Евростат
Список подолу ја покажува големината на населението на градовите во Европската Унија, како и кандидатските земји и не-ЕУ ЕФТА-државите. Списокот е ограничен на оние градови, чии Поголеми урбани зони (ПУЗ) имаат население од најмалку 500.000. ПУЗ претставува обид да се хармонизираат дефинициите за градското подрачје. Целта на Евростат е да има површина од значителен дел од жителите на градот, концепт познат како „функционален урбан регион“. Да се обезбеди добра достапност до податоците, Евростат ги прилагодува границите на ПУЗ до административните граници, кои се приближни со функционалниот урбан регион.
Методологија на рангирање
Списокот подолу содржи градови во Европската Унија и придружните земји кои учествуваат во третата фаза на програмата Урбан Аудит. Градовите се рангирани по големината на населението во Поголемите урбани зони. Бројките во базата на податоци на Евростат се обид за компромис помеѓу хармонизирани податоци за сите од Европската Унија и достапност на статистичките податоци, со што споредбите се поточни. Податоците се користат од 2006 Урбан Аудит III, кој користи информации собрани за 2004.
Список на ПУЗ по население
Иако во последната фаза на Урбан Аудит се додадени градови од ЕФТА-земјите (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија) и земјите-кандидати за ЕУ, единствено земјата-кандидат за која се достапни податоци е Турција. Хрватска, Македонија и Црна Гора, кои исто така се моментално земји-кандидати, добивајќи го својот статус во 2004, 2005 и 2010 соодветно. МестоГрадДржаваНаселение во ПУЗПовршина на ПУЗ (км²)Густина на население (по км²)1Лондон 11.917.000 8.92013362Париз 11.089.124 12.079,879183Истанбул 11.044.6424Мадрид 5.804.829 8.0227245Рур 5.302.179 4.43511966Берлин 4.971.331 17.3852867Барселона 4.440.629 1.796,6423568Атина 4.013.368 3.806,9210549Анкара 3.708.047 10Рим 3.457.690 3.666,6694311Хамбург 3.134.620 7.30442912Милано 3.076.643 1.348,32228213Катовице 2.710.397 2.650,65102314Штутгарт 2.663.660 3.65472915Варшава 2.660.406 5.198,5251216Манчестер 2.600.100 1.280198417Минхен 2.531.706 5.50446018Будимпешта 2.524.697 2.538 94319Франкфурт на Мајна 2.517.561 4.30558520Измир 2.440.902 21Лисабон 2.435.837 1.432,49170022Лидс-Бредфорд 2.393.300 5.114 46823Бирмингем 2.357.100 1.598 147524Неапол 2.253.964 564,95 399025Виена 2.179.769 4.610,93 47326Букурешт 2.140.194 662 323327Прага 1.964.750 6.977 28228Келн 1.873.580 1.626 115229Стокхолм 1.860.872 6.519 28530Копенхаген 1.806.667Data for 2001 (2004 data not yet available) 2.759 65531Брисел 1.800.663 1.613,91 111632Глазгов 1.747.100 3.346 52233Торино 1.745.221 1.878,97 92934Лион 1.717.300 5.997,68 28635Валенсија 1.564.145 1.440,58 108636Даблин 1.535.44637Диселдорф 1.525.029 1.201 127038Бурса 1.458.067 39Амстердам 1.443.258 859,28 168040Адана 1.384.680 41Ливерпул 1.365.900 821 166442Билефелд 1.297.876 2.921 44443Хановер 1.294.447 2.966 43644Нирнберг 1.288.797 2.934 43945Шефилд 1.277.100 1.846 69246Краков 1.264.322 2.988,65 42347Софија 1.263.807 3.424,2 36948Севиља 1.249.346 3.081,9 40549Бремен 1.249.291 5.885 21350Хелсинки 1.224.107 2.969,94 41251Ротердам 1.186.818 611,75 194052Лоѓ 1.163.516 2.857,51 40753Острава 1.153.876 3.896 29654Цирих 1.110.478 1.086,14 102255Гдањск 1.105.203 3.457,32 32056Порто 1.099.040 562,32 195457Осло 1.090.513 6.920 15858Тејн и Виар 1.055.600 3.385 31259Тулуза 1.052.497 4.706,93 22460Газиантеп! 1.042.732 61Вроцлав 1.031.439 4.582,2 22562Познањ 1.018.511 3.719,2 27463Бристол 1.006.600 1.635 61664Рига 1.003.949 5.382,5 18765Солун 995.766 1.455,6266Бордо 981.370 67Хаг 978.161 68Билбао 939.994 69Конија 919.433 70Антверпен 915.258 71Бон 908.503 72Лајпциг 904.401 73Дрезден 902.067 74Гетеборг 873.335 75Сарбрикен 855.317 76Палермо 855.285 77Вилниус 850.300 78Кардиф 841.600 79Нотингем 825.600 80Дијарбакир 814.874 81Анталија 814.685 82Единбург 787.700 83Кордоба779.870Data refers to the province of Cordoba13.771 84Шчеќин 777.806 85Лејчестер 772.400 86Нант 751.085 87Болоња 743.965 88Брно 728.101 89Ѓенова 718.896 90Карлсруе 712.475 91Малага 699.916 92Фиренца 696.767 93Сарагоса 685.873 94Кајсери 675.734 95Бадахос663.896Data refers to the province of Badajoz21.76696Орхус 653.472 97Лублин 652.642 98Ковентри 651.000 99Кил! 641.905 100Белфаст 641.638 101Стразбур 634.275 102Аугсбург 629.139 103Лиеж 626.357 104Лас Палмас де Гран Канарија 625.892 105Бари 623.298 106Фрајбург 618.467 107Венеција 612.245 108Падова 605.709 109Измит 601.351 110Братислава 601.132 111Палма 593.386 112Магдебург 588.875 113Бидгошч 582.927 114Кингтон на Хал 573.300 115Катанија 572.302 116Утрехт 564.485 117Верона 563.952 118Рен 553.579 119Малме 550.289 120Виго 548.799 121Ерфурт 543.226 122Гренобл 541.888 123Линц 532.995 124Бијалисток 523.958 125Талин 521.410 126Руан 519.318 127Малатија 501.849
Урбан Аудит
Програмата Урбан Аудит е многу повеќе од демографија. Со цел да биде корисна како алатка на политиката на Европската комисија и другите власти, таа содржи податоци за околу 250 показатели низ следниве области:
Демографија Социјални аспекти Економски аспекти Граѓанска вклученост Обука и образование Животна средина Патување и сообраќај Информатичко општество Култура и рекреација
Поврзано
Најголеми градови на Европската Унија Најголеми урбани површини на Европската Унија Список на метрополитенските области во Европа по население Список на метрополитенските области по население Светски најголеми градови
Наводи
Надворешни врски GMES Урбан Атлас: PDF-документи, ZIP-документи Евростат: Европски градови Евростат: Вкупно население во Урбан Аудит градовите, Поголеми урбани зони
Категорија:Списоци на градови во Европа