Договорот од Париз (формално познат како Договор за основање на Европската заедница за јаглен и челик) бил потпишан на 18 април 1951 помеѓу Франција, Западна Германија, Италија и трите Бенелукс-земји (Белгија, Луксембург и Холандија) со кој се основа Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ), која подоцна стана дел од Европската Унија. Договорот стапил на сила на 23 јули 1952, а истече на 23 јули 2002, точно педесет години откако стапи на сила.

Договорот се смета за производ на дипломатската и економската стабилност во Западна Европа по Втората светска војна. Некои од главните непријатели, во текот на војната сега го споделувале производството на јаглен и челик, клучните ресурси, кои претходно имале централна улога во војната.

Европската Декларација била потпишана од сите присутни водачи. Со тоа се изјавило дека Договорот повторно ја родил Европа. Се нагласува дека наднационалниот принцип бил основата на новата демократска организација во Европа. Наднационалниот концепт бил напаѓан од страна на Шарл де Гол.

Надворешни врски

Договор за основање на Европската заедница за јаглен и челик Историја на Европската Унија 1945-1957

Категорија:Договори и декларации на Европската Унија Категорија:Евро