Езерото Ер (, на јазикот на домородците: Kati-tanda) е, во ретки случаи кога е полно, најголемо езеро во Австралија (и државата и континентот). Се наоѓа на околу 15 метри под нивото на морето и по тоа е најниска точка во Австралија. Максималната површина на езерото изнесува 9.500 -{км2}-. Ова солено еезеро се наоѓа во центарот на басенот на езерото Ер.
Името езерото го добило по британскиот истражувач Едвард Џон Ер, кој го открил езерото во 1840 година.
Езерото Ер се наоѓа во сушната област во централна Австралија, на северот од сојузната држава Јужна Австралија. Тоа е најнискиот дел од солените пустински рамнини. Во најсушните периоди езерото испарува и се дели на два дела (Северно и Јужно Езеро Ер, кои се поврзани со канали). Во текот на дождовните сезони реките носат вода од северозападот на областите Аутбек и Квинсленд. Количината на монсунските врнежи ја одредува длабочината на езерото. Еднаш на секои три години езерото достигнува длабочина од 1,5 метри, а еднаш во една деценија длабочината достигнува до 4 метри. Секои 25 години езерото потполно се полни, додека веќе наредното лето, поголемиот дел од водата испрува.
Наводи
Надворешни врски Слики од езерото Ер (агенција НАСА): http://earthobservatory.nasa.gov/Newsroom/NewImages/images.php3?img_id=10841 http://earthobservatory.nasa.gov/Newsroom/NewImages/images.php3?img_id=11763 Јахтинг-клуб на езерото Ер Статија за езерото Ер
Категорија:Езера во Австралија Категорија:Солени езера