Љуботен — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Поглед во селото

Ова мало село се наоѓа во јужниот дел на Општина Штип. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 540 метри. Од градот Штип, селото е оддалечено 11 километри.

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1204.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 11,6 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 585 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 375 хектари и на шумите 171 хектар.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Љуботен живееле 120 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 230.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Љуботен имало 160 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134-135.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Љуботен е мало село, коешто во 1961 година броело 214 жители, а во 1994 година 67 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 41 жител, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, од кои 20 Македонци и 4 лица без податоци.

Општествени установи

Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

мини|300п|десно|Љуботен во 1913 година мини|300п|десно|Селската чешма во селото

На крајот од XIX век, Љуботен било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Штип.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Лакавица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лакавица, во која покрај селото Љуботен се наоѓале селата Балталија, Брест, Гарван, Горачино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Ново Село, Пиперово, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Долани, во која влегувале селата Долани, Липов Дол, Љуботен и Чифлик.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2311 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на продавницата. Во ова избирачко место се опфатени и селата Липов Дол и Чифлик.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Цркви Црква „Св. Јован Крстител“ — главна селска црква; и Црква „Св. Петка“ — манастирска црква.

Манастири Љуботенски манастир — нов манастир.

Поврзано Општина Штип

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Штипски села Категорија:Села во Општина Штип