Живојин Глишиќ (, ) — македонски музички работник и универзитетски професор.

Животопис

Музичкото училиште го завршил во родниот град, а дипломирал на ФМУ-Скопје, оддел музичка теорија и педагогија и оддел композиција, во класата на професорот Томислав Зографски. Работи на ФМУ како редовен професор. Пишува композиции од областа на сериозната музика, џезот, а се занимава со аранжирање на повеќе музички жанрови. Добитник е на награда за најдобро обработена традиционална тема на смотрата на Биг Бенд оркестри 1989 година во Раденци, Словенија за композицијата “Со маки сум се родила” и 21 награда за најдобар аранжман на фестивалите од областа на популарната музика, фолк фестивалите и детски фестивали. Директор е на фестивалот Фолк Фест Валандово.

Наводи

Надворешни врски Биографија Творештво „Со маки сум се родил јас“ - Глишиќ

Категорија:Македонски Срби Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски музичари Категорија:Членови на СОКОМ