Плавското езеро е езеро во општината Плав, на североисточниот дел на Црна Гора.
Плавското езеро е ледничко езеро сместено помеѓу планините Проклетие и Виситор на висина од 906 метри над нивото на морето, а се издолжува кон правец север-југ во должина од 2160 метри. Просечната ширина на езерото изнесува 920 метри, а најголемата длабочина 9 метри. Езерото е најголема туристичка атракција во таа област. Од езерото истекува реката Лим.
Категорија:Езера во Црна Гора Категорија:Дрински слив Категорија:Плав