Птујското езеро (словенечки: Ptújsko jézero) е најголемо вештачко езеро во Словенија.
Површината на езерото изнесува 346 хектари. Птујското езерото се наоѓа на реката Драва во околината на градот Птуј. Настанало со изградбата на браната на реката Драва кај Птуј (1968 година). Езерото служи како акумулација за хидроцентралата Формин, но исто така како и рекреациона површина за веслање, едрење на даска и риболов. Браната која ја преградува реката е висока 19 метри, а нејзината должина изнесува 120 метри.
Литература Firbas, Peter: Vsa slovenska jezera : leksikon slovenskih stoječih voda. DZS, Ljubljana 2001 (COBISS)
Поврзано Список на езера во Словенија
Надворешни врски Сателитска снимка на езерото на гугл мапи Слика од езерото http://slocold.ibe.si/SC/Kataster/Kat_Mark.html
Категорија:Езера во Словенија Категорија:Дравски слив