Грбот на Естонската Советска Социјалистичка Република е усвоен во 1940 година од страна на владата на Естонската ССР.

Опис Грбот се заснова на грбот на СССР. Во средината на грбот се наоѓа изгрејсонце и срп и чекан, симбол на комунизмот. Над нив се наоѓа црвена ѕвезда. Околу грбот се наоѓаат гранки од четинари и пченица, замотани во црвена трака со мотото на СССР „Пролетери од сите земји, обединетете се“, напишано на естонски и руски јазик, а под траката пишува „Eesti NSV“ (Естонска скратеница за „Естонска Советска Социјалистичка Република“)

Грбот бил на сила сè до 1990, кога бил заменет со денешниот грб на Естонија

Поврзано Грб на Естонија Знаме на Естонската ССР

Естонска ССР Категорија:Национални симболи на Естонија Категорија:Естонска ССР