мини|Висечки мостови во провинцијата Мајнас. Лорето (Loreto) е регион во северно Перу. Регионот зафаќа една третина од територијата на државата, што го прави најголем регион во Перу, но сепак е еден од најслабо населениете поради оддалеченоста и присуството на Амазонската прашума. Главен град на регионот е Икитос.

Граници Лорето се граничи, покрај со останати перуански региони, со други држави. Така, на северозапад регионот се граничи со Еквадор, поточно со еквадорските покраини Сукумбиос, Орелана, Пастаза и Морона-Сантјаго. На север се наоѓа Колумбија, односно департманот Путумајо. На североисток, исто така, се наоѓа Колумбија, но со департманот Амазон. На исток од регионот се наоѓа Бразил, поточно бразилските држави Амазон и Акре. На југ се наоѓаат перуанските региони Укајали и Уануко, додека на запад се Сан Мартин и Амазон.

Административна поделба Регионот е составен од седум покраини, кои пак се поделени на 51 округ. Во прилог следуваат покраините со главните градови во заградиПокраини во Перу:

Алто Амазонас (Јуримагвас) Датем дел Марањон (Сан Лоренцо) Лорето (Наута) Марискал Рамон Кастиља (Кабалокоча) Мајнас (Икитос) Реквена (Реквена) Укајали (Контамана)

Наводи

Поврзано Перу Административна поделба на Перу Икитос

Надворешни врски Перуанско-амазонски Истражувачки Институт Перуанско-амазонски Информациски Систем Официјално мрежно место на регионот

Категорија:Региони во Перу