Елвира Сахипзадовна Набиулина (; ; р. 29 октомври 1963) — руски економист и раководител (претседател) на Централната банка на Руската Федрација. Служела како советник за економски работи на претседателот Владимир Путин од мајк 2012 до јуни 2013 г. New Kremlin Aides Allotted Responsibilities, RIA Novosti, 23 мај 2012 откако претходно била на функцијата Министерка за економски развој и трговија од септември 2007 до мај 2012 г.

Дипломирала на Економскиот факултет при Московскиот државен универзитет во 1986 г... Во периодот од 1991 до 1994 година работела во Руската унија за индустријалци и претприемачи.. Во текот на 1994 година се преселила да работи во Министерството за економски развој и трговија, достигнувајќи го нивото на заменик-министер во 1997 година. Во 1998 година ја напуштила службата и започнала да работи во една тинк-тенк организација за стратешки развој.. Во 2000 година повторно се вратила во министерството. Во периодот од 2003 до 2007 таа раководела со Центарот за стратегиски развој.

Во септември 2007 година станала Министер за економски развој и трговија. На 21 мај 2012 г. на функцијата доаѓа Андреј Белоусов. Во 2012 г. била една од шесте виши функционери кои на новата влада по враќањето на Путин.

Во 2013 г. е назначена за раководител на Централната банка на Руската Федрација и така станала првата Русинка во Г8. Во мај 2014 г. спсанието „Forbes“ ја прогласило за една од најмоќните жени во Русија, „со тешката задача да се справува со курсот на рубљата за време на Кримската криза, и притоа да овозможи пораст на економијата во обид да се избегне рецесија".

Во текот на 2014 г. рубљата бележела драстичен пад во курсот, кој Набиулина го решила со нагло и значајно зголемување на каматните стапки.

Наводи

Надворешни врски

Најнови споменувања на Елвира Набиулина во руските медиуми — Инфоротор Именик на личности во државната управа: Набиуллина Е.С. — Kremlin.ru

Категорија:Руски политичари Категорија:Руски економисти Категорија:Министри за економски развој на Русија Категорија:Политичари од Единствена Русија Категорија:Татари Категорија:Луѓе од Уфа Категорија:Апсолвенти на Московскиот државен универзитет Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од IV степен Категорија:Родени во 1963 година