Знамето на Општина Аеродром е официјалното знаме на оваа скопска општина. Знамето и грбот биле усвоени на 27 јануари 2012 година, кога се замениле старите симболи. Автор на новите симболи е Љупчо Џуровски и истиот бил избран преку јавно гласање.

Опис Централен елемент на знамето е штит во триаголна форма, во бордо црвена боја, обрабен во сребрена боја. Во центарот на штитот е поставен стилизиран монограм „А“ во сребрена боја. Над штитот се наоѓа челенка од златен појас со стилизиран флорален приказ во мозаик, а врз него златен сончев полудиск со мноштво зраци. Во горниот лев и долниот десен агол има црвени триаголници, а основната боја на знамето е жолта.

Наводи

Поврзано Општина Аеродром Грб на Општина Аеродром Знамиња на општините во Македонија

Надворешни врски Симболи на Општина Аеродром Општина Аеродром избира нов грб и знаме

Категорија:Општина Аеродром Аеродром, Општина