Симфонија на мирот претставува бронзена скулптура на три птици гулаби кои стојат врз Земјината топка. Се наоѓа во центарот на Скопје и е поставена во 2005 година. Оваа скулптура е посветена на жртвите на холокаустот во Македонија и според авторот, познатиот македонски вајар Томе Серафимоски, таа е антитеза на ужасите на војната и на безумието што таа со себе го носи, на прогонствата и на стравот, на измачувањата и на смртта, како и на сите оние за човек недостојни состојби од времето кога човечноста била поразена, а од кое, како од отворената утроба на нашето сопствено крваво минато, сè уште се шири гнасна реа.
Скулптурата била поставена по повод Денот на холокаустот на плоштадот Слобода во Скопје во спомен на депортацијата на скопските Евреи. Таа била откриена од тогашниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, а на свеченоста се обратил професорот д-р Самуел Садикарио и градоначалникот на Скопје, Ристо Пенов.
Наводи
Надворешни врски РЕЦЕНЗИЈА - СКУЛПТУРА "СИМФОНИЈА НА МИРОТ" НА АКАДЕМИК ТОМЕ СЕРАФИМОВСКИ - Дневник Скулптура на мирот во спомен на 7.200 депортирани Евреи - Дневник
Категорија:Споменици во Скопје Категорија:Дела на Томе Серафимовски Категорија:Македонски дела од 2005 година Категорија:Споменици посветени на Холокаустот Категорија:Историја на Евреите во Македонија