мини|Аквадукт во градот Кавала (, постаро име: Морунец) — град во Егејска Македонија и главен град на округот Кавала, во југозападниот дел на областа на Источна Македонија и Тракија, денес во Грција. Тоа е најголем град и главниот комерцијален и образовен центар на Кавалскиот Округ и Општина Кавала. Градот е оддалечен 165 км источно од Солун и околу 680 км северно од Атина.
Име
Во антиката, во околу 7 век п.н.е. градот бил познат како Неаполис („нов град“Μακεδονία Θράκη Σεπ 2014). Во средниот век, до околу 14 век, градот бил познат како Христополис („град на Христос“). Старословенско име на градот е Морунец, додека името Кавала се јавува по 14 век.
Историја Антички период thumb|Археолошки остатоци од градот Филипи. Околината на Кавала била населена уште од праисториско време, а како доказ за тоа се пронајдоците во источните делови на градот остатоци од древни доселеници. Неаполис, кој бил колонија на Тасос, бил основан на полуостровот на местото на денешниот стар град Панагија. Ова место имало огромно стратешко и трговско значење, бидејќи се наоѓало на патот што ги поврзува Македонија и Тракија.
Точниот датум на основањето на градот не е доволно позната, но повеќето историски извори тврдат дека тоа се случило во средината на 7 век п.н.е. Во тоа време, доселениците од островот Тасос го направиле Неаполис порта кон нивна натамошна експлоатација на богатите рудници на злато и сребро кои се наоѓале кон северните делови, особено оние кои се сместени во близина на планината Кушница (која подоцна била експлоатирана и од страна на Филип Македонски). Во регионот има пронајдено археолошки податоци од архајскиот период (крајот на 6 век п.н.е.) како што е обожувањето на Партенос, женско божество со грчко-јонско потекло која се поврзува со старогрчката божица Атена, архајскиот период. На крајот на 6 век п.н.е. Доказот дека градот добил независност од Тасос се поврзува со изготвувањето на сопствени монети со лик на горгона во околу 500 п.н.е. Неколку децении подоцна овде бил изграден храм изработен од мермер, и чии делови денеска се наоѓаат во Археолошкиот музеј на градот.
Во времето на инвазијата на Персијците, Неаполис станал член на Делоската морска унија (исто така позната како Атинска морска унија) и долго време градот одржувал добри односи со Атѝна. Градот од страна на Атина бил награден за неговата лојалност според декретите издадени во 410 и 407 година п.н.е.
Во околу 340 п.н.е. Филип II Македонски ја освоил Тракија, а со тоа и колониите на Тасос. Неаполис ја изгубил својата независност и бил вклучен во составот на Кралство Македонија.
Римски период thumb|Вија Игнација во Кавала. Градот Неаполис по римските освојувања на овие простори, започнал да се намалува. Но поради исклучително стратешката негова позиција, неговото значење се зголемило во последната третина на 2 п.н.е. век, кога бил изграден римскиот пат Вија Игнација, и кој поминувал низ градот, помогајќи трговијата да се развива. Градот станал римски civitas во 168 година п.н.е., а бил основан од Брут и Касиј во 42 п.н.е., пред нивниот пораз во Битката кај Филипи. По основањето на римската провинција Филипи, Неаполис слуел како пристаниште на поморскиот пат Александрија (Троја) - Солун.
Ова била и причината зошто Апостол Павле на своето прво патување во европа во 50 година, пристигнал на пристаништето во Неапол, а оттаму заминал во Филипи каде била основана првата христијанска црква на европска територијаΔημήτρης Κ. Σαμσάρης, Ιστορική γεωγραφία της Ανατολικής Μακεδονίας κατά την αρχαιότητα, Θεσσαλονίκη 1976 (Έκδοση Εταιρείας Μακεδονικών Σπουδών), σ. 46-48, 150-152:
Византиско-франкиски период thumb|десно|220px|Поглед кон стариот град и тврдината. thumb|Магазин за храна и оружје во византиски замок
Во 6 век, византискиот цар Јустинијан I изградил тврдина во градот во обид да го заштити од варварските напади. Во подоцнежните византиски времиња градот бил наречен Христополис и припаѓал на темата Македонија. Еден од првите преживеани до денес документи за споменување на градот датира од 9 век. Исто така, градот се споменува и во „Животот на Св. Григориј Декаполит“.
По запопчнување на византиско-бугарските војни, во 8 и 9 век постојаните бугарски напади ја принудиле Византија да се реорганизира во одбрана на областа, давајќи голема важност на Христополис преку изградба на утврдувања и статиционирање на гарнизон. Во 834 година, во времето на хан Пресијан, по походот на кавханот Исбул, градот, заедно со околината бил вклучен во составот на Првото Бугарско ЦарствоВеселин Бешевлиев, „Прабългарски епиграфски паметници“, София, 1981, стр.79.Во 926 византискиот генерал (стратег) Василиј започнал со реконструикција на паднатите ѕидови на градот, според еден натпис кој денес се наоѓа во археолошкиот музеј на градот. Благодарение на неговата местоположба, градот доживеал економски препород, обезбедувајќи поврзување помеѓу Цариград и Солун.
За време на Норманската инвазија на Македонија во 1185 година, градот бил освоен и опожарен. Во 1302 година, Каталонците не успееле да го освојат градот. Со цел да ги спречи да се вратат, византискиот цар Андроник III Палеолог изградил нови долги ѕидини. Во 1357 година, двајца византиски службеници и браќа, Алексиј и Јован го контролирале градот и неговата територија. Ископувањата откриле урнатини на рана византиска базилика под османлиска џамија во стариот дел на градот. Оваа базилика била користена до доцната византиска ера.
Отомански период thumb|Куќата на Мухамед Али Паша.
Самиот град имал значајна улога во историјата од тој период. Србите и Турците го освоиле овој дел од Македонија и градот бил еден од последните византиски тврдини кои паднале под османлиска власт.
Отоманските Турци го освоиле градот во 1387 година и целосно да го уништиле во 1391 година според сведочењето во една светогорска хроника. Кавала била дел од Отоманското Царство во периодот од 1387 до 1912 година. Во средината на XV век градот бил подложен на нападите на Република Венеција, кои го освоиле градот и под нивна контрола бил околу еден месец. Османлиите успеале да си го вратат по 20-дневна опсада.
Христополис повторно се појавил на историската сцена во почетокот на XVI век, кога и добил ново име - Кавала. Во тоа време градот претрпел многу странски напади, а единствената заштита за населението биле ѕидините околу стариот град Панагија. Во средината на XVI век, Паргали Ибрахим-паша, везир на Сулејман Величествениот, придонел за просперитет и развој на градот со изградба на аквадукт. Османлиите, исто така ја прошириле византиската тврдина на ридот Панагија. Двете знаменитости се меѓу најпрепознатливите симболи на градот денес. Во 1611 година, бродовите на Војводство Фиренца пристигнале и се обидиле да го заземат градот, но по неуспехот биле принудени да се повлечат.
Во текот на XVII век градот постојано бил цел на пиратски напади, но без сериозни последици за градот. Во овој период Кавала била многу важно пристаниште, чие значење постојано се зголемувало. Во XVIII век започнала реконструкција на градот, а грчкото население започнало да зема уште поголемо учество во економијата на градот. Периодот бил обележан со посети на многу научници и патници на градот. Христијанскиот центар на градот претставувала црквата „Света Богородица“, која се наоѓа и денес на највисокиот дел од градот. На крајот на векот грчкото општество во Кавала станало посилно од било кога. Бројот на грчкото население достигнало до 10.000 луѓе и во нивни раце се наоѓало пристаништето, риболовот и занаетчиството. Мухамед Али Паша, основач на династијата која владеела со Египет, е роден во Кавала во 1769 година. Неговата куќа е сочувана како музеј.
XVIII и XIX век Грчкото население во Кавала активно се вклучило во народноослободителната борба на Грците, позната како Грчка војна за независност. Познат агонист од овој крај бил поглавар Иларион КараѕоглуΒασικά χαρακτηριστικά των αγώνων των Ελλήνων της Μακεδονίας από τη μεγάλη Ελληνική επανάσταση του 1821 έως την απελευθέρωσή της, Εισήγηση Στεφάνου Ι. Παπαδόπουλου, Α' Διεθνές Συνέδριο Μακεδόνικων Σπουδών, Μελβούρνη, 4-12 Φεβρουαρίου 1988, Αυστραλιανό Ινστιτούτο Μακεδονικών Σπουδών. Кон почетокот на револуцијата, во 1821 година од страна на османлиската власт во градот бил обесен Константинос Сердароглу, додека Николас Кагијасас учествувал во морските битки.Καβάλα: Η γαλάζια πολιτεία, Ιστορία της Καβάλας
Во 1864 година, по овластување дадено од страна на султанот, Кавала започнала да се проширува и надвор од ѕидовите на стариот град. Во текот на овој период, градот станал познат по производството и преработката на тутунот. Во ова помогнало и самото пристаниште на градот. Во 1896 година во градот се случил најголемиот штрајк на работниците (5000 работници) на Балканот. Освен тоа, во текот на XIX век започнале да излегуваат и весници на грчки јазик.
XX век thumb|десно|Кавала во 1942 година thumb|Поглед кон пристаништето. thumb|Центарот на градот.
Со прогласувањето на турскиот устав во 1908 година во Кавала била основана и првата официјална тутунска унија на работници на Балканот. Во текот на Борба за Македонија|борбата за Македонија, од градот на грчка страна се бореле Петрос Јоанидис и Периклис Дракос"Αφανείς γηγενείς Μακεδονομάχοι", επιστημονική επιμέλεια Ιωάννης Σ. Κολιόπουλος, ΕΜΣ, εκδόσεις University Studio Press, Θεσσαλονίκη 2008.
Балкански војни
Кавала била накратко окупирана од страна на Бугарите за време на Првата балканска војна во 1912 година, но била освоена од страна на Грците во 1913 година за време на успешната операција на грчката морнарица која била под команда на познатиот адмирал Павлос Кунтуриотис. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година пет лица од Кавала биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 849..
Кавала била ослободена од османлиската власт од војводите на Михаил Чаков, Пејо Јаворов, Јонко Вапцаров и Христо Чернопеев на 27 октомври 1912 година без ниту еден истрел.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 114.. На 31 октомври 1912 година во градот влегле војниците на бугарскиот родопски одред под команда на генералот Стилијан Ковачев. Во градот било отворено бугарско училиште, а командант бил Христо Чернопеев, додека Михаил Чаков бил началникГенов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 125.. Кавала останала во бугарски раце до Втората балканска војна во текот на летото на 1913 година, кога во градот влегле грчки војници и според Букурешкиот договор од 10 август 1913 година градот бил предаден на Грција.
Грција
Во текот на Првата светска војна, во август 1916 остатоците од IV армиски корпус, стационирани во Кавала, се предале на бугарската армија и тој останал под бугарска контрола до 28 септември 1918 година. Овие настани предизвикале воен бунт во Солун, кои довеле до формирање на Привремена влада за национална одбрана, и на крајот до официјалниот влез на Грција во Првата светска војна.
По Грчко-турската војна од 1919-1922, градот влегол во нова ера на просперитет. Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови. Бегалците најпрвин биле сместени во импровизирани куќи и во старите тутунски фабрики, но со текот на времето започнале да се градат нови населби, а дел од бегалците биле сместени и во старите османлиски куќи. Развојот на градот бил индустриски и земјоделски. Кавала повторно станала центар за обработка на тутун. Многу објекти поврзани со складирање и обработка на тутун од тоа време се сочувани во градот. До 1932 година во градот биле завршени голем број на инфраструктурни проекти, биле направена електрична мрежа, училишни згради, болници итн.