Сава — река која според некои ја обележува северозападната граница на Балканскиот Полуостров.
Извира во Словенија, каде се создава со спојувањето на двете помали реки Сава Долинка и Сава Бохињка. Тече низ Загреб и својот тек долг 940 километри го завршува крај Белград, каде се влева во реката Дунав. Еден нејзин дел служи како граница меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина. Пловна е од Сисак до Белград. Областа околу оваа река традиционално го носи името Посавина. Нејзини поголеми притоки се Крка, Мирна, Купа, Уна, Босна и Дрина.
Сава како тема во уметноста „Савски пејзаж“ (Savski pejsaž) - слика на хрватскиот уметник Бранко Шеноа од 1910 година.Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009. „Гускарка на Сава“ (Guščarica na Savi) - слика на хрватскиот уметник Никола Машиќ од 1881 година.
Поврзано Меѓународна комисија за реката Сава
Наводи
Категорија:Реки во Словенија Категорија:Реки во Хрватска Категорија:Реки во Босна и Херцеговина Категорија:Реки во Србија Категорија:Притоки на Дунав Категорија:Савски слив Категорија:Погранични реки Категорија:Словенечко-хрватска граница Категорија:Босанско-хрватска граница Категорија:Меѓународни реки во Европа