мини|Адијабатско загревање на воздухот што се движи надолу; со ова во внатрешноста на Северна Америка настанува топол фенски ветер наречен „чинук“.|420x420пкс Чинук ― претежно топол и најчесто западен ветар во западниот дел од Северна Америка. Има два типа на чинук ветар: крајбрежен и внатрешен. Крајбрежниот чинук е постојан, влажен и југозападен ветар кој дува од океанот кон континентот. Внатрешниот чинук е повремен, топол и сув фенски ветар кој дува долж источните страни од внатрешните планински масиви. Дува од североисток низ источните падини на Стеновитите планино. Во внатрешноста на Северна Америка, американското домородно насление овие ветрови ги викале „јадач на снег“; а денешниот термин го добил по индијанското племе Чинук кое живеело во близина на океанот, покрај долното течение на реката Колумбија.
Силниот фенски ветар за еден ден може да стопи снег од речиси 30 см. Снегот делумно сублимира, а делумно се топи и испарува на сувиот ветар. Било забележано дека чинук ветровите за неколку часа или дена ја зголемуваат зимската температура, често од под −20°C до 10–20°C, а по престанувањето на ветрот температурите паѓаат до нивното основно ниво.
Неговата брзина обично се движи од 16 km/h до 60 km/h, но може да достигне и брзина до 100 km/h.
Поврзано Фен Зонда
Наводи
Литература Дуциќ, Владан и Анѓелковиќ, Горан (2007): Климатологија - практикум, Географски факултет, Белград
Категорија:Ветрови Категорија:Запад (САД) Категорија:Клима во Канада