Мичак — село во Општина Карбинци, Штипско. Денес нема жители.

Географија и местоположба Селото е сместено на југозападната падина на планината Плачковица, надморска височина од 1.000 м. Лежи во крајниот југоисточен дел на општината, на границата со Општина Радовиш. Самото село е сместено во една долина, а на север од него се издига возвишението Мичачки РидМичачки Рид (10310207) — GeoNames

Историја Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Мичак живееле 55 Турци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.

Мичак било мало, традиционално турско село. Населението почнало да опаѓа во 1950-тите со иселувањето на Турците, за во 1961 г. да се сведе на 10 жители. Во 1960-тите е целосно напуштено. Според пописот од 2002 година, Мичак немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Штипски села Категорија:Села во Општина Карбинци

Категорија:Раселени села во Македонија