КК ЦСКА Москва (руски: Баскетбольный клуб ЦСКА Москва) е руски професионален кошаркарски клуб од Москва, како дел од спортскиот клуб ЦСКА Москва.

Клубот бил основан во 1924 година. За првпат клубот во првенството на СССР настапил под името ЦДКА или Централна куќа на Црвената армија во 1938 година. По крајот на Втората светска војна, ЦДКА учествувала во советското првенство и го освоила првото место. Во 1955 година клубот се викал ЦСК МО или Централен спортски клув на Министерството на одбраната. Денешното име клубот го добил во 1960 година. ЦСКА освоила три европски купа во 1961, 1963 и 1969 година.

Во 1969 година започнала ерата на Александар Гомелски, каде под негово раководство кое траело до 1980 година, клубот само еднаш не го освоил советското првенство во кошарка.

Во текот на советската ера, тимот го освоил 24 пати првенството а во текот на руската 17 пати како најуспешен кошаркарски клуб од Русија.

Трофеи Првенство СССР: 24 1945, 1960, 1961, 1962, 1964, 1965, 1966, 1969, 1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1976, 1977, 1978, 1979, 1980, 1981, 1982, 1983, 1984, 1988, 1990 Суперлига: 17 1992, 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010 Куп на СССР: 3 1972, 1973, 1982 Куп на Русија: 4 2005, 2006, 2007, 2010 Евролига: 6 1961, 1963, 1969, 1971, 2006, 2008 Финале на Евролига: 11 1961, 1963, 1965, 1969, 1970, 1971, 1973, 2006, 2007, 2008, 2009 Фајнал фор Евролига: 10 1996, 2001, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010 Трипл круна: 1 2006 ВТБ јунајтед лига: 2 2008 (Промо куп), 2010

Состав

НАдворешни врски Official Site / St. Petersburg Times Official Facebook Page Official Youtube Channel Euroleague Profile Former CSKA Moscow Players (1945-2007) by Basketpedya.com