Красје — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Локов. Претставува населба од средниот век. Се наоѓа на околу 1,5-2 км северозападно од селото. На местото денес се простираат ниви, на чиишто површини се пронајдени грамади од камења и покривни ќерамиди, а се забележани и темели од објекти.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Локов; Закамен — населба од средниот век; Манастирец — сакрален комплекс од средниот век.
Наводи
Категорија:Локов