Црква или Гробишта — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Ново Село. Претставува некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 1-2 км северно од селото, од десната страна на патот што води за селото Мислодежда. На местото се забележуваат гробни конструкции градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Ново Село; Герамидница — населба од доцноантичко време.

Наводи