Вишера е река, лева притока на реката Кама во Пермскиот крај во Русија. Припаѓа на сливот на Каспијското Езеро. Долга е 415 км, а површина на поречјето изнесува 31,200 км2. Поголемиот дел тече во правец север-југ. Главни притоки се Јазва и Колва.
Реката Вишера се замрзнува кон крајот на октомври или почетокот на ноември, и останува замрзната под лед сè до крајот на април.
Во поречјето на оваа рекат постојат наоѓалишта на дијамант.
Категорија:Реки во Русија Категорија:Пермски крај Категорија:Реки во Пермскиот крај