Амбо-Паско кечуански — варијанта (дијалект) на кечуанскиот јазик. Овој дијалект, според проценките од 1998 година, го зборуваат околу 90.000 луѓе но бројката се претпоставува дека опаѓа. Дијалектот е познат и по името кечуански дијалект од Сан Рафаел-Хуаријака. Скоро сите говорници на овој јазик се двојазнични и знаат шпански. Дијалектот се зборува по дома и нема престижен статус, за разлика од јужнокечуанскиот јазик. На овој дијалект има радио програма, речник и преведени делови од Библијата.

Наводи

Поврзано Кечуански јазици Кечуани

Категорија:Јазици во Перу Категорија:Кечуански јазици