Манастирот Свети Пантелејмон (украински: Пантелеймонівський собор) е голема православна катедрала во киевската населба Теофанија. Оваа катедрала е на изглед многу слична со катедралата Александар Невски во Талин, и се смета како врвна точка во достигнувањето на руската архитектура.
Храмот бил изграден во неоруска архитектура од страна на Евгениј Јермаков во периодот од 1905 до 1912 година. Објектот се состои од една голема купола и четири помали. Во текот на 1920-тите, манастирот бил затворен а за време на Втората светска војна бил сериозно оштетен.
Во 1990-тите, црквата била вратена на Украинската православна црква - Московски патријарх.
Наводи
Категорија:Руска архитектура Категорија:Цркви од 20 век Категорија:Украински православни катедрали Категорија:Цркви во Киев Киев Категорија:Холосеевски реон