Ова е список на познати Тетовци (тетовски: Тетовчани), односно лица кои се родиле, живееле, работеле или починале во градот.

Родени Јефрем Јанкович - Тетоец (60-тите г. на XVII в. – Русија, 1718) - руски митрополит од македонско потекло. Кирил Пејчиновиќ- прв писател на црковномакедонски јазик Мара Бунева (1902 - 14 јануари 1928) -македонска активистка Бранко Гапо - Македонски театарски, телевизиски и филмски режисер Најдолгиот пат на Бранко Гапо Докуменрарец за Бранко Гапо Тодор Скаловски - истакнат македонски композитор, хорски и симфониски диригент Ѓоце Стојчевски – Амбарче (26.11.1919 -19.10.1944 ) - партизан, носител на споменица на паднатите борци од НОВ и одликуван со орденот народен херој на Македонија. Тодор Циповски - Мерџан - македонски народен херој од Втората светска војна Верица Пандиловска - македонска поп-пејачка Никола Ристановски - македонски глумец Антонио Милошоски -политичар и македонски министер за Надворешни работи"Konfliktbeilegung durch Europäisierung?: Zypernfrage, Ägäis-Konflikt und griechisch-mazedonischer Namensstreit" Благоја Ангеловски, македонски режисер Јован Дамјановски (р. 15 јануари 1946 ) - македонски романописец и драмски автор. Душица Илин (р. 12 март 1944) - македонска поетеса Панче Васовски - Камџик (1924 - 1 јуни 2003) - македонски театарски, филмски и телевизиски глумец Милан Стефанов Јовановски (р.12 октомври 1932) - специјалист по патолошка анатомија, редовен професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје Дивна Лакинска (р. 1 ноември 1941) — македонски андрагог. Панче Блажески (1924-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Борка Аврамова (1924 - 1993) -македонски вајар Блага Алексова (1922 - 2007) - македонски археолог и академик Зора Антеска (1885 - 1968) — учесник во НОВ на Македонија (мајка на Илија Антески - Смок). Илија Антевски - Смок (1919 - 1943) - македонски борец Петрица Апостоловска — учесник во НОВ на Македонија. Нада Антева (1923 - ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица 1941. Павлина Апостолова (р. 1927) - македонска оперка певица Јован Павловски (р.1937) - македонски поет, раскажувач, романописец, писател за најмладите, публицист, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во Нова Македонија, нејзин дописник од Париз и Москва. Петко Дабески (Волковија, тетовско, 15 октомври 1939) - македонски поет. Јон Исаја (Тетово, 1915 - Скопје,1993) - познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Мирко Видоески (Тетово, 1957) - сликар, писателТетовецот Мирко Видоески добитник на една од трите откупени награди од конкурсот на "Нова Македонија", драмски автор и режисер. Павле Кузманоски (Тетово, 1939) - познат македонски академски сликар Ангеле Гавровски (с.Жилче, тетовско, 1946) - познат македонски академски графичар и сликар. Професор во Училиштето за применета уметност "Лазар Личеноски" Скопје. Апостол Трпески (Тетово, 1948) - познат македонски филмски и телевизиски снимател. Професор и продекан на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) Скопје Владимир Кочоски (Тетово, 1946) - познат македонски книжевник, новинар, есеист, поет и долгогодишен директор на НУ Матична библиотека "Кочо Рацин" Тетово Владимир Кандикјан (р. 9 март 1956) - виден економист и универзитетски професор; Лина Ѓорческа (р. 3 август 1994) - македонска тенисерка

Наводи

Поврзано Тетово

*