Германско Царство () бил назив за германска држава во период од 47 години, од кога прускиот крал Вилхелм I се прогласил за германски цар на 18 јануари 1871 до 9 декември 1918 година и абдикацијата на Вилхелм II по поразот во Првата светска војна. Службеното име на државата, Германски Рајх, се користело сè до 1943 година иако Германија не била царство цело ова време.

Изразот Втор Рајх () понекогаш и најдобро го означува овој период во историјата на Германија. Изразот го вовел Артур Мелер ван ден Брук во 20-те години на 20 век. Заклучил дека Светото римско Царство било Првиот германски рајх, додека Германското Царство било Втор рајх. Со таа логика настанал и изразот Трет Рајх кој се однесува на Хитлеровата Германија.

Обединување на Германија

left|thumb|250px|Прогласувањето на Германското Царство во Версај И по револуцијата од 1848 г. Германија останала необединета. Постоеле околу 38 државички, а најголеми биле Австрија и Прусија, меѓу кои се водела борба за превласт над германските држави. Најистакнат борец за обединување на Германија бил прускиот канцелар Ото фон Бизмарк, претседател на владата на прускиот крал Вилхелм I. Тој сметал дека обединувањето не може да се постигне со зборови, туку со оружје и крв, односно по пат на војна против сите непријатели на обединувањето. Во 1864 г. Прусија и Австрија ја нападнале Данска и ги одзеле северно-германските области. Но заради поделба на освоените области настанала караница меѓу Прусија и Австрија. Војнички посилната Прусија го искористила овој момент и во јуни 1866 г. ја нападнала Австрија. Тоа го искористила и Италија и ја нападнала Австрија за да и ја одземе Венециската област. Австрија била поразена кај Садова во Чешка и била принудена да се откаже од стремежот за хегемонија над Германија, а на Италија и ја отстапила Венециската област.

Конзервативна модернизација Бизмарковата внатртешна политика одиграла голема улoгa во остврувањето на авторитативната политика во царството. Со јакнувањето на континенталната политика веднаш по обединувањето во 1871 година, германската влада донела релативно едноставни економски и политички промени. Темелните Бизмаркови реформи ја подигнале Германија на самиот врв на европската индустриска моќ.

Стопанство

Процесот на индустријализацијата во Германија и во германските фабрики почнал динамично да го освојува германскиот пазар, а со тоа ја преместил Британската роба во втор план. Започнала и жестока битка помеѓу германските и британските производи надвор од границите на Германија, претежно во САД. Германскиот текстил и металната индустрија во почетокот на Француско-Пруската војна ги надминал и ги заменил сите страни, а меѓу нив и британските производи од домашниот пазар. За време на векот германската индустрија дури и извезувала метал за британскиот слободен пазар. Произведувајќи квалитетна воена опрема за време на Првата светска војна германската индустрија ги опремила своите вокници со одлична опрема. Тука е вклучено и производството на германските пушки (), пиштолите (), и тешкото вооружување (Митралези, разновидни проектили и тешка и лесна артилерија)

Идеологија

По службеното обединување на Германија во 1871 година, Бизмарк се посветил на пропагирање на прусионизмот под маска на обединувањето на Германија. На тоа се спротивставил службен Ватикан и папата Пиј IX,, што довело до разни конфликти.

Бизмарковите главни цели биле: културна борба (), социјални реформи и национално обединување.

Културна борба - По основањето на католичките германски држави на југ и во некои делови на исток, католицизамот, кој го застапила Католичката Централна Партија, бил голема закана во процесот на обединување. Јужните католички држави, кои повеќето биле земјоделски потпаднале на влијанието на селаните, работниците и свештениците, за разлика од северните Германци чии држави биле по развиени и биле под влијание на аристократизмот. Борбата помеѓу Бизмарк и влијанието на Католичката црква во јужните земји се нарекува и „Културна борба“. Меѓутоа по 1878 година, Бизмарк се обединил со Католичката Централна Партија во борбата против социјализмот, а со тоа била завршена и Културната борба. Со време, влијанието на Ватикан ослабело, и Германија станала во поголемиот дел протестантска земја. Социјални реформи - Како би го ослабил влијанието на социјалистите и нивните организации, Бизмарк вовел некои реформи познати како социјални реформи. Го вовел здравственото осигурување во 1883, осигурувањето во случај на несреќа во 1884 и инвалидската и старосната пензија во 1889. Овие реформи во тоа време биле најнапредни, затоа ден денес постојат во Германија Национално обединување - Бизмарк вложил огромен напор во смалувањето на разликата помеѓу германските држави. Имено по обединувањето морал да води битка со националистите кои се залагале за независност на нивните држави.

Германизацијата и супресијата врз другите народи

Политиката за обединување подразбирала и чистење на негерманските јазици од јавниот живот, училиштата и академските установи. Насилната германизација често имала и спротивен ефект од пожелуваниот, националните малцинства цврсто го чувале својот јазик и културата учејќи ги своите деца дома, плашејќи се да не ја изгубат националната совест.

Полјаците биле најмногу потиснати со германизацијата. Почнала жесто битка помеѓу Бизмарк и нив, им давале земји во колониите, додека пак од Германија ги протерувале. Во 1888 година била организирана масовна депортација на Полјаците, која била органицирана од страна на Бизмарк и неговата влада.

Земји во Германското Царство

Пред обединувањето на царството, Германија била поделена на 39 независни држави. Тие држави се делеле на: кралства, големи војводства, војводства, кнежевства, слободни градови и една царска територија. Кралството Прусија била најголема самостојна германска држава, и покривала 60% од површината на тогашното Германско Царство. Многу историчари сметаат дека Бизмарковото обединување на Германија всушност било само проширување на Прусија.

Овие држави својата суевереност ја стекнале на различни начини. Некои ја добиле со распадот на Светото Римско Царство, додека пак некои се избориле за суеверноста на Виенскиот Конгрес во 1815 година. Териториите на поединечните држави не секогаш сочинувале една физичка целина, некои дури постоеле од неколку делови. Ова е резултат како од историското делување, така и од наследството кое што има последователни врски со одредени династии.

Карта 300px|thumb мини|десно|300п|Германското Колонијално Царство

Вилхелм II Подемот на империјалната моќ и Бизмарковата оставка мини|лево|Вилхелм II, Германски цар (на оваа слика јасно се гледа како ја прикрива својата лева рака) Царството доста добро се развило под Бизмарковата власт сè до смртта на царот во 1888 година. По неговата смрт, Фридрих III, неговиот син и наследник, бил на власт само 99 дена, кога престолот го препуштил на Вилхелм II. Тој настан е одбележан како „годината на три цареви“ (). Влихелм II го сфатил значењето на царскиот престол, и сакал за разлика од величината на европските монарси во тоа време кои имале само фигуративна власт, да биде владетел и „де факто“. Амбициите на Вилхелм II и неговите дела го довеле во конфликт со Бизмарк. По жестоката расправија околу власта, Бизмарк се повлекол и ја предал власта на Вилхелм II во март 1890 година, кога и поднел оставка на местото на германски канцелар.

По Бизмарковата оставка, Вилхелм II станал главен водач на Германија. За разлика од неговиот татко Вилхелм I, кој во поголемиот дел од работите, било внатрешни или надворешни, ја оставал власта на Бизмарк, Вилхелм II активно се вклучил во германската политика, со желба да остави впечаток на сигурен, способен и одговорен владетел, и да го задржи правото, а не фигуративната власт. Вилхелм II по своја желба примал совети од Валтер Ратенау, доста контроверзна личност во германската политика која била либерал, евреин, масон и хомосексуалец (бил убиен од страна на десничарските екстремисти во 1922 година). Од Ратенхау, Вилхелм осознал многу за европската економија и индустријските и финансиските врски во внатрешноста, што многу му помогнало во приклучувањето во политичкиот живот

На службените слики и фотографии, Вилхелм II секогаш ја приксоперник својата лева рака која му била деформирана од раѓањето. Вилхелм II во светската историја останал запаметен по својата агресивна политика која била и една од причините за почнување на Првата светска војна.

Внатрешни работи

За време на владеењето на Вилхелм II, Германија повеќе не уживала таков авторитет кога со неа владеел Ото фон Бизмарк. Наследниците на Бизмарк имале големи проблеми кога се работело за промена на власта, посебно неговите наследници на местото канцелар на Прусија. Првите либерални промени ги вовел Лео фон Каприви и со тоа ја намалил невработеноста. Неговиот програм за либерализација во Германија бил прифатен и од страна на царот, и од страна на германското население. Единствени противници на овие промени биле пурските земјоделци, кои се плашеле од губиток на власта и моќта, па затоа покренале и кампања против Каприевата реформаKurtz, Harold. (1970), p. 67.

За време додека пруските аристократи се бунеле на сите барања на обединета Германија, во 1890-те, неколку побунувачки организации станале против пурскиот милитаризам и политиката таканаречена „прусификација“ која полека станала главен елемент на германската политика, како надворешно така и внатрешно. Поединети професори го вовеле либерализмот во образованието и така тие створиле алтернативен милитаризам, во желба за развивање на инивидуализмот и слободата.Kurtz, Harold. (1970), p. 72. Најголемата опозиција на Вилхелм II ја пружила новооснованата партија СДП (Социјал-демократска партија на Германија) која пропагирала многу левичарски идеи, а меѓу нив и марксизам. Исто така СДП бил заговорник на многу социјалистички реформи кои би ја ослабиле моќта на царот, и поради тоа, таа партија жестоко се спротивставила на Вилхелм II. Силната германска индустрија вовела програм на социјална заштита и згрижување за своите работници се дододека тие не ги поддржувале социјалистите. Имале право на пензија, осигурување во случај на болест, дури и биле станбено згрижени, што ги намалило социјалните проблеми.

Вилхелм II, за разлика од Бизмарк, ги разрешил немирите помеѓу Германија и Католичката црква, и со неа се здружил во борбата против социјализмотKurtz, Harold. (1970), p. 56. Оваа политика доживеала пропаст кога социјал-демократите ја добиле третината од гласовите во 1912 за Reichstag (), и така станале третата најголема партија во Германија. Меѓутоа, тие не образувале парламентарно мнозинство, кое што го направиле десничарските партии кои биле поддржувани од царот и Католичката црква. Во ова време во оваа власт пораснал национализмот и милитаризмот, и поголемиот дел од Германците кои не сакале да го отслужат воениот рок заминале за Америка.

Надворешни работи