Џеремаја Мејси (англиски: Jeremiah Massey; роден во Детроит, Мичиген) ― македонски натурализиран професионален кошаркар и бивш репрезентативец со потекло од Соединетите Држави. Мејси моментално е играч на бразилски Паскоалота Бауру.

Историја Поради лошите резултати во АБА лигата, Мејси во октомври 2016 година, бил отпуштен од МЗТ Аеродром. На крајот на месецот, Мејси пронашол старо-нов клуб, Либертад од Аргентина.

Следната сезона - 2017/18, Мејси останал во аргентинската лига, но сега во нов клуб - Кимса. За сезоната 2018/19, Џеремаја се преселил во уште една аргентински клуб - Сиклиста Олимпико.

Во август 2019 година, Мејси се придружил во екипата на бразилскиот клуб Паскоалота Бауру.

Успеси Титули МЗТ Аеродром Суперкуп на Македонија (1) : 2016

Признанија Учество во грчкиот Ол-Стар натпревар 2007 Учество во грчкиот Ол-Стар натпревар 2008 Најкорисен играч на грчкиот Ол-Стар натпревар 2008 Прва најдобра петорка на сезоната во Грција 2007/08 Учество во рускиот Ол-Стар натпревар 2011 Втора најдобра петорка на сезоната во Русија 2010/11 Прва најдобра петорка на сезоната во Русија 2011/12 Втора најдобра петорка на сезоната во ЕвроКупот 2011/12

Наводи

Надворешни врски Профил на Џеремаја Мејси на Euroleague.net Профил на Џеремаја Мејси на Eurobasket.com Профил на Џеремаја Мејси на FIBA.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски кошаркари Категорија:Кошаркари од Детроит