Ангус (англиски: Angus, гелски: Aonghas) е управна област, регистарска грофовија и намесништво во Шкотска. Областа се граничи со управните области Абердиншир, Перт и Кинрос и градот Данди. Главни стопански гранки се земјоделството и рибарството.

Историја Ангус во минатото бил грофовија (официјално Форфаршир од XVIII век до 1928, кога е вратено древното име) сè до 1975 кога станал округ во рамките на регионот Тејсајд. Во 1996 е укината двостепената локална самоуправа, и така Ангус станал управна област. Грофовијата Ангус се граничела со грофовиите Кинкардиншир на североисток, Абердиншир на север и Пертшир на запад. На југ гледала во Фајф преку Тејскиот Ферт. Границите на денешната управна област се исти како оние на грофовијата, но без градот Данди.

Географија Ангус може да се подели на три географски подрачја. Северниот и западниот дел е планински и ретко населен. Населението претежно се занимава со сточарство. Јужниот и источниот дел го карактеризираат благи ридови и крајбрежје. Овој дел е мошне населен, а најголемите места (како градот Данди) се приморски. Помеѓу овие две подрачја се протега плодниот земјоделски предел Стратмор (од гел. An Srath Mòr = „Голема Долина“) познат по одгледувањето на компир, меко овошје и говеда од расата Ангус.

Поважни населени места Арброт - најголем град Брихин Карнусти Киримјур Монифит Монтроуз Форфар - административен центар

Места од интерес Брихинска катедрала замокот Брихин Национален парк Кернгормс замокот ЕдзелНеоткриена Шкотска: Edzell Castle замокот ГламзЗамок Гламз Музеј на Монтроуз

Збратимени области – Јантај, НР Кина.

Поврзано Ерл од Ангус

Наводи

Надворешни врски Совет на Ангус

Најдоброто од Ангус Информативен портал на Данди и Ангус

Категорија:Управни области во Шкотска Категорија:Грофовии во Шкотска Категорија:Намесништва во Шкотска