Тони Мартин (; р. во ) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Мартин е познат како специјалист за хронометри и е четирикратен светски првак во истата дисциплина, победувајќи во 2011, 2012, 2013 и 2016 година. Исто така, освоил сребрен медал на Летните олимписки игри во Лондон, завршувајќи како второпласиран зад Бредли Вигинс на трката.
Мартин бил во составот на три победнички екипи на на Светското првенство во екипен хронометар, во 2012, 2013 и 2016 година. Исто така, Мартин победил на пет хронометарски етапи на големите трки; три на Тур де Франс во 2011 и 2013 и две на Вуелта а Еспања во 2011 и во 2014. Освоил и неколку етапни трки, вклучувајќи ги Енеко Тур, Париз-Ница и првите две изданија на Трката околу Пекинг во 2011 и 2012.
Животопис
Тони Мартин е роден во поранешната Источна Германија во Котбус. Заедно со остатокот на неговото семејство, тој побегнал од Источна Германија кратко пред падот на Берлинскиот ѕид и пропаѓањето на комунистичка Источна Европа.„Тур де Франс 2011 Живо“, Канал 4 ТВ, 23 јули 22011 Подоцна се вратил во источниот дел на Германија, посетувајќи спортско училиште во Ерфурт.
Кариера Рани години
Мартин станал професионалец во 2008 година, за и освоил 4 трки во првата година, вклучувајќи и три хронометри.
2009
мини|лево|Мартин на Енеко Тур 2009
Во 2009, Мартин ги освоил хронометрите на Критериум Интернационал и Трка околу Баварија. Исто така, учествувала на долги етапни трки, победувајќи во планинскиот пласман на Париз-Ница и Тур де Свис, завршувајќи втор во крајниот пласман и победувајќи етапа на Тур де Свис. Мартин имал определен успех и на Тур де Франс, носејќи ја белата маичка на етапите 3-14 и освојувајќи ја наградата за борбеност по завршувањето втор на 20-та етапа. Тој го освоил бронзениот медал на Светското хронометарско првенство на крајот на сезоната.
2010
Мартин постигнувал сè поголем успех во хронометрите, победувајќи ја националните првенства, како и на етапите во Трка околу Калифорнија и Тур де Свис. Мартин завршил втор на прологот и на поединечниот хронометар (етапа 19) на Тур де Франс и повторно ја носел белата маичка (етапи 1-3). По Тур де Франс, Мартин завршил прв во генералниот пласман на Енеко Тур, како и на хронометарската етапа 7 и во пласманот за млад возач. Мартин, повторно, земал бронзен медал на Светското хронометарско првенство.
2011
мини|десно|Мартин во маичка на виножито по победата на светското хронометарско првенство во 2011
Во 2011, Мартин победил во генералните пласмани на Волта ао Алгарве и Париз-Ница, освојувајќи ги хронометрите на двете трки. Исто така, завршил втор во генералниот пласман на Тур де Романди и го освоил хронометарот на Критериум ду Дофине.
Мартин ја освоил првата етапа на Гранд Тур трките со победата во индидуалниот хронометар на 20-та етапа на Тур де Франс. Исто така, го освоил хронометарот (етапа 10) на Вуелта а Еспања.
Во септември, Мартин го освоил златниот медал на светското хронометарско првенство во Копенхаген, Данска.. Потоа, го освоил и воведниот хронометар на првото издание на Трка околу Пекинг, и го одржувал водството во трката до крајот на трката, со што победил во крајниот пласман.
По најавата дека ќе се повлече од на крајот на 2011, Мартин потпишал со екипата за сезоната 2012.
2012
мини|Мартин ја носел виножито-маичката на Париз-Ница 2012
Мартин ја започнал 2012 со втора победа во генералниот пласман на Волта ао Алгарве, завршувајќи втор зад Бредли Вигинс за помалку од секунда во последниот хронометар. Во април, Мартин останал без свест по судирот со автомобил во текот на тренирањетоhttp://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/9200721/World-time-trial-champion-Tony-Martin-loses-consciousness-after-colliding-with-car-during-training.html и значајни повреди, оневозможувајќи ја неговата рана сезона. Мартин се вратил со возење на Трката околу Белгија во мај, освојувајќи го хронометарот на етапата 4 и генералниот пласман.
На Тур де Франс 2012 надежите на Мартин за освојување на воведниот пролог, биле спречени од механички проблем, кој го приморал да го смени велосипедот на патеката. Потоа, на првата етапа се здобил со фрактура на рачниот зглоб. Тој ја напуштил трката со цел да ѝ дозволи на неговата повреда да заздрави пред да настапи на хронометарот на Летните олимписки игри 2012 три недели подоцна. Го освоил сребрениот медал на Олимпијадата зад Бредли Вигинс.
Во септември, Мартин бил дел од екипата на Омега Парма-Квик Степ од шест луѓе, кои го освоија првиот воведен хронометар на Светските друмски првенства 2012. Три дена подоцна, успешно ја одбранил неговата титула во поединечен хронометар, победувајќи го Тејлор Фини за пет секунди и поминувајќи го Алберто Контадор на патеката.
Во октомври, Мартин заминал во Кина со цел да ја одбрани неговата титула на Трката околу Пекинг, последната трка во Светската турнеја од сезоната. Успешно ја довршил неговата мисија, искачувајќи се во генералниот пласман до врвот. Добро се пласирал на сите етапи, но за победата најмногу е заслужна соло-победата на етапата 2, каде ја десеткувал групата, победил пред најблиските соперници и ја освоил првата етапа (која не била хронометар) во три години.
2013
uprightpx|thumbnail|лево|Мартин (во средина) со Бредли Вигинс (лево) и Фабијан Канчелара (десно) на подиумот по победата на Светското хронометарско првенство 2013
Во февруари, Мартин го освоил генералниот пласман на Волта ао Алгарве. Ја заработил водечката маичка на четвртата и последна етапа, хронометар од 34,8 километри на кој доминирал. Второпласираниот Михал Квјатковски () завршил зад Мартин со помалку од една минута. Во генералниот пласман го победил Квјатковски и Ливе Вестра од . На Тур де Франс учествувал во пад на првата етапа, поради што се здобил со повреди и потрес на мозокот.http://www.cyclingnews.com/news/crash-in-tour-de-france-opener-leaves-martin-battered-once-again Сепак, доволно се опоравил за да победи на етапата 11, поединечен хронометар.http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-11/results Со просечна брзина од 54,271 километар на час, Мартин го извозел третиот најбрз хронометар на Тур во неговата историја.
На шестата етапа на Вуелта а Еспања успеал да извози 175 километри сам во бегство, но бил достигнат во последните метри на етапата. Оваа етапа претставувала подготовка за настапот на Светското првенство. Потоа, Мартин ѝ помогнал на својата екипа при тесната победа над на Светското првенство во екипен хронометар, пред да ја постигне победата на трката за поединечен хронометар, каде го победил второпласираниот Вигинс за 46 секунди и дополнителни две секунди над Канчелара, кој завршил на третото место.
2014
мини|десно|Мартин во неговиот дрес како германски првак на Париз-Ница 2015.
На 1 мај ја освоил третата последователна победа на Трката околу Белгија и поставил нов рекорд, постигнувајќи го тоа. Девет други возачи успеале претходно да победата двапати на трката. На 13 јули 2014, Мартин ја освоил својата прва друмска етапа на Тур де Франс. Се работело за деветтата етапа, каде бил во бегство 155 километри, а последните 60 километри сам, што ги вратило сеќавањата за неговиот познат подвиг на Вуелта во 2013 година. Овој пат Мартин ја освоил етапата и можел да почне со прослава некое време пред целта. Го завршил Тур со победа на поединечниот хронометар на 20. етапа со разлика од 1 минута и 39 секунди пред најблискиот соперник.
2015
мини|Мартин ја презел водечката жолта маичка по четвртата етапа на Тур де Франс 2015.
Мартин ја имал својата прва победа во сезоната на поединечниот хронометар на Волта ао Алгарве. Втората ја остварил во мај, на завршниот хронометар на Тур де Романди, каде бил подобар од Симон Шпилак за единаесет секунди на влажните улици на Лозана. На крајот на јуни успешно ја одбранил титулата на националното хронометарско првенство.
На Тур де Франс 2015, Мартин завршил втор зад Роан Денис () на воведниот хронометар во Утрехт. Мартин се спремил да ја преземе жолтата маичка на втората етапа, кога Денис отпаднал по цепкањето на главната група од накрсните ветришта, но Фабијан Канчелара го претекнал колегата на Мартин, Марк Кевендиш, за трето место на етапата и го презел првото место од Мартин поради временските бонуси. На третата етапа, Канчелара бил вклучен во голем пад и загубил време, но Мартин повторно пропуштил да ја преземе жолтата маичка, откако Крис Фрум () стигнал втор на завршницата на Мур де Хуј и го презел водството за една секунда пред Мартин поради временскиот бонус. На 7 јули 2015 година, Мартин ја освоил четвртата етапа по краткото бегство на 3 километри пред целта, освојувајќи ја жолтата маичка по првпат во неговата кариера. Возел на велосипед позајмен од колегата Матео Трентин, имајќи механички проблеми порано на етапата, која вклучувала калдрма на растојание од 13 километри. На шестата етапа, Мартин паднал во завршниот километар, додека бил во жолто и морал да го напушти Тур поради скршена клучна коска.
Еден месец подоцна, Мартин се вратил на трките во свој стил. Иако не победи на поединечниот хронометар на четвртата етапа, стекнал време пред другите соперници и на крајот победил на Тур ди Поату-Шарант. Ова било прва етапна победа за Мартин во сезоната. Меѓутоа го пропуштил златото втора година по ред на Светското првенство, со завршил втор поразени од за 11 секунди на екипниот хронометар и Мартин се борел за седмото место на поединечниот хронометар — негов најлош резултат на настанот откако завршил на истото место во 2008 година.
Достигнувања
2003 1. 20п Национално хронометриско првенство за под 19 години 2004 1. 20п Државно првенство - екипна потера 2005 Џиро деле Регионе за под 23 години 1. Етапа 4 1. Етапа 6 1. Етапа 4 Реџо-Тур 2006 1. 20п Национално хронометриско првенство за под 23 години 1. 20п Краен пласман Трка околу Тирингија за под 23 години 2007 1. 20п Краен пласман Рас Тајлтин 1. Копа Сита ди Асти 1. Етапа 3 Трка околу Ардените 2. Краен пласман Тур де л’Авенир 2008 1. Хел ван хет Мергеланд 1. Етапа 3б (ITT) Тур де л’Ен 1. Етапа 8 (ITT) Трка околу Германија 1. Пролог Стер Електротур 3. Краен пласман Трка околу Саксонија 2009 1. 20п Планински пласман Париз-Ница 1. Етапа 3 (ITT) Критериум Дофине-Либере 1. Етапа 4 (ITT) Трка околу Баварија 2. Краен пласман Трка околу Швајцарија 1. Етапа 8 1. 20п Планински пласман 3. 15п Хронометар Светско првенство UCI 8. Краен пласман Тур де Романди Ја носел белата маичка 20п на етапите 3–14 Тур де Франс Награда за борбеност 20п Етапа 20 Тур де Франс 2010 1. 20п Национален првак во хронометар 1. 20п Краен пласман Енеко Тур 1. Етапа 7 (ITT) 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 7 (ITT) Трка околу Калифорнија 3. 15п Светско хронометарско првенство UCI 6. Краен пласман Тур де Свис 1. Етапа 9 (ITT) 2. Пролог Етапа 19 Тур де Франс Ја носел белата маичка 20п на етапите 1–3 на Тур де Франс. 2011 1. 20п Светски хронометарски првак 1. Етапа 20 (ITT) Тур де Франс 1. Етапа 10 (ITT) Вуелта а Еспања 1. Етапа 3 (ITT) Критериум ду Дофине 1. 20п Краен пласман Волта ао Алгарве 1. Етапа 5 (ITT) 1. 20п Краен пласман Париз-Ница 1. Етапа 6 (ITT) 1. 20п Краен пласман Трка околу Пекинг 1. Етапа 1 (ITT) 1. Етапа 6 (ITT) Трка околу Баскија 2. Краен пласман Тур де Романди 1. Хроно на народите 2012 1. 20п Светски хронометарски првак 1. Светски екипен хронометарски првак 1. 20п Национален хронометарски првак 1. 20п Краен пласман Трка околу Белгија 1. Етапа 4 (ITT) 1. 20п Краен пласман Трка околу Пекинг 1. Етапа 2 1. Хроно на народите 2. 15п Олимписки хронометар 2. Краен пласман Волта ал Алгарве 5. Краен пласман Трка околу Баскија 2013 1. 20п Светско хронометарско првенство 1. Светско првенство во екипен хронометар 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. 20п Краен пласман Волта ао Алгарве 1. Етапа 4 (ITT) 1. 20п Краен пласман Трка околу Белгија 1. Етапа 3 (ITT) 1. Хроно де Насионс Тирено-Адријатико 1. Етапа 1 (ТТТ) 1. Етапа 7 (ITT) 1. Етапа 6 (ITT) Трка околу Баскија 1. Етапа 5 (ITT) Тур де Романди