Кирани Џејмс (1 септември 1992, Гујаве) е гренадски атлетичар, кој настапува во трките на 200 и 400 m. Тој е светски и олимписки првак во трката на 400 m од Светското првенство 2011 во Тегу и Летнтие олимписки игри 2012 во Лондон.
Животопис Кирани е роден во малото рибарско место Гујаве, а подоцна заминал на студии на универзитетот Алабама во САД. Таму започнал да тренира под раководство на поранешниот олимпиец Харви Гленс и двапати по ред победил на студентските натпреварувања.Teenager Wins Gold in 400 Meters for Tiny Grenada|author=Christopher Clarey., The New York Times, 30 август 2010
Во сезоната 2011, тој оствари доста успешни резултати на атлетските митинзи, а својата добра форма ја потврди и на светското првенство во Тегу, на кое го освои златниот медаљ, остварувајќи нов личен рекорд со време од 44,60 s, што беше за три стотинки подобро од времето на тогашнниот олимписки и светски првак, Лешон Мерит. Со овој успех, Џејмс стана првиот атлетичар од својата земја кој има освоен медаљ на светските првенства на отворено.
На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Џејмс го освои златниот медал, победвајќи во финалната трка на 400 m со резултат од 43,94 s. Со овој успех, тој на својата земја и го донел не само првиот златен медал од Олимписките игри, туку и првиот медал воопшто.
Лични рекорди ДисциплинаВремеМестоДатум200 m (на отворено) 20,41 Ел Пасо, САД 16 април 2011200 m (во сала) 20,58 Албукерке, САД 21 јануари 2011400 m (на отворено) 43,94 Лондон, Велика Британија 6 август 2012400 m (во сала) 44,80 Фејетвил, САД 27 февруари 2011
Наводи
Надворешни врски Кирани Џејмс, МАФ
Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Гренадски атлетичари