Пепи Манасков (Титов Велес, ) е поранешен македонски ракометар, член на македонската ракометна репрезентација кој поради своите врвни квалитети и популарност е сметан за легенда на македонскиот ракомет со што е прогласен и за најдобар македонски ракометар на XX век.
Роден е во Велес каде што во 1977 година ја започнал својата кариера во РК Борецhttp://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=27140. Во текот на својата богата спортска кариера играл во македонските клубови „Пелистер“ (со кого играл во финалето на купот на СФРЈ во 1986) и „Вардар Ватростална“. Имал и богата интернационална кариера во странство во клубовите „Кретеј“ од Франција, „Хамелн“ од Германија, „Филипос“ од Грција и „Пивоварна Лашко“ од Словенија. Настапувал за репрезентацијата на СФРЈ, а со репрезентацијата на Македонија учествувал на ЕП 1998 во Италија и СП 1999 во Египет. За националната репрезентација на Македонија одиграл 84 натпревари во кои постигнал 264 голови.
По завршувањето на својата 29-годишна играчка кариера во 2006 година, тој се обидол како тренер во повеќе наврати во Борец и Металург, а бил тренер на РК Куманово. Тој е женет и татко на 2 сина, Дејан и Мартин, кои исто така се играле ракомет во редовите на Металург. Тој бил сопственик на кафулето „Единаесетка“ во Велес. Наводи
Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Ракометари од Велес Категорија:Ракометни тренери од Велес