Доминикус Цимерман (; 30 јуни 1685 - 16 ноември 1766) — германски архитект и штукатор во стилот рококо.

Живот Цимерман е роден во 1685 г. во Гајспоинт, близу Весобрун, Баварија. Станал градежен мајстор и штукатор. Неговиот постар брат Јохан Баптист Цимерман бил архитект и фрескописец. Браќата твореле заеднички, изработувајќи ремек-дела како црквата Штајнхаузен. Доминикус Цимерман потекнувал од семејство на уметници и занаетчии од таканаречената „Весобрунска школа“. Работел најпрвин како штукатор, а потоа станал градежен мајстор и архитект. Живеел во Ландсберг на Лех и служел како негов градоначалник од 1748 до 1753 г. Починал близу Поклоничката црква во Вис кај Штајнгаден во 1766 г.

Поважни дела опатиската црква во Мединген (1716-1725) во округот Дилинген старата градска куќа (1719) и црквата Св. Јован (1752) во Ландсберг на Лех Поклоничка црква Штајнхаузен, близу Бад Шусенрид (1728-1733) Богородичната црква во Гинцбург (1735-1740) Поклоничка црква во Вис, близу Штајнгаден (1745-54)

Надворешни врски

Категорија:Германски архитекти Категорија:Барокни архитекти Категорија:Родени во 1685 година Категорија:Починати во 1766 година Категорија:Рококо-архитектура