Хазарос Сурмејан (, ) — македонски и канадски балетан и кореограф. Негов татко е македонскиот оперски певец, тенор, првенец на Операта на МНТ, Артур Сурмејан.
Животопис Сурмејан е роден на 21 април 1943 година. Балетското образование го завршил во Балетското училиште во Скопје, во класата на А. Доброхотов. Член е на Балетскиот ансамбл при МНТ (1958-1961). Играч со сигурна балетска техника и со чувство на танцова поддршка и партнерство. Солист на балетите во Келн и во Минхен (1961-1965), а од 1966 година и во Националниот театар во Торонто. За балетската сцена при МНТ го кореографира делото на Сергеј Прокофјев „Ромео и Јулија“ (1987), а подоцна (2003) и претставата „Ана Каренина“ (П. И. Чајковски). Моментално живее во Канада. Наводи
Категорија:Македонски Ерменци Категорија:Македонски балетани Категорија:Македонски кореографи Категорија:Канадски кореографи