Овој натпис е за оригиналниот парк во Анахајм, Калифорнија. За други потреби, погледнете Дизниленд (појаснување). мини|Замокот во Дизниленд Дизниленд парк — тематски парк сместен во Анахајм, Калифорнија, поседуван и раководен од Волт Дизни Паркови и Одморалишта ( Walt Disnet Parks and Resorts) дивизија на Волт Дизни Компани (Walt Disney Company). Познат како Дизниленд (Disneyland) кога е и воедно отворен на 18 јули 1955 и сè уште секојдневно познат под истото име е единствениот тематски парк дизајниран и изграден под директно надгледување од страна на Волт Дизни. Во 1988 година, тематскиот парк се ребрендира во „Дизниленд Парк“ (Disneyland Park) како би го отфрлил поголемиот комплекс „Дизниленд Ресортс“ (Disneyland Resorts).

Волт Дизни доаѓа со концептот за Дизниленд по посетата на многубројните паркови, заедно со своите ќерки во 30-тите и 40 -тите години. Отпрвин замислува изградба на туристичка атракција близу неговите студија во Бурбанк со што би се забавувале обожавателите кои доаѓаат во посета ; како и да е подоцна станува свесен дека неговата предложна парцела е премногу мала. По вработувањето на консултант за помош при одредувањето на соодветна парцела за неговиот проект, Волт купува 160 акри / 65 Хе (хектари) плац близу Анахајм во 1953 година. Изградбата започнува во 1954 година и паркот е откриен за време на специјален телевизиски пренос, настан кој се случува на 17 јули 1955 година. По своето отворање, Дизниленд подложува на бројни проширувања и реновирања, вклучувајќи ја и доградбата Њу Орлеанс Сквер - Плоштадот Њу Орлеанс (Нењ Орлеанс Сљуаре) во 1966 година, Беар Сити - Градот на мечките (Беар Цитѕ) (сега Критер Кантри - Цриттер Цоунтрѕ ) во 1972 година и Микис Тунтаун - Замислениот град на Мики (Мицкеѕ’с Тоонтоњн) во 1993 година. Авантуристичкиот парк на Дизни во Калифорнија е изграден на оригинална парцела, на Дизниленд паркиралиштето и е отворен во 2001 година.

Дизниленд има најголема посетеност од било кој друг тематски парк во светот, со приближно 600 милиони гости од неговото отворање. Во 2009 година 15, 9 милиони луѓе го посетуваат паркот, со што го прават вториот по ред најпосетен парк во светот во таа календарска година.

Историја

Концепт и конструкција

Волт Дизни (Walt Disney) во центар ги покажува официјалните нацрти на Оринџ Каунти.

Целиот концепт започнува при посетата на Волт Дизни и неговите ќерки Дијана и Шерон на Грифит Парк во Лос Анџелес. Набљудувајќи го нивното возење на среќното тркало му се раѓа идејата за место каде би можеле да одат возрасните со нивните деца и да се забавуваат. Неговиот сон останува нереализиран со години. Влијание врз Волт Дизни исто така може да извршиле и спомените од татко му од Светската Колумбиска Изложба од 1893 година одржана во «икаго (татко му работел на изложбата). Мидвеј Плезенс тука вклучува додатни атракции кои претставуваат многубројни земји ширум светот и други претставувајќи многустрани периоди од добата на мажот ; исто така содржи многу возења вклучувајќи го првото Ферис тркало, воздушно возење, патнички воз кој циркулира околу периметарот и шоуто од Дивиот Запад.

Друго потенцијално влијание претставува Бентон Харбор ( Бентон Харбор ), Мичиген, национално познатата куќа на Давид ( Хоусе оф Давид’с ), паркот Еден Спринг ( Еден Спринг ). Волт Дизни го посетува паркот и најпосле купува еден од постарите минијатурни возови оригинално користени таму ; Колонијата ја поседува најголемата минијатурна железничка конфигурација во светот во тоа време.

Додека стотици луѓе му доставуваат писма на Волт Дизни за посетата на Дизни Студио ( Диснеѕ Студио ), тој сваќа дека всушност практичното филмско студио нема што многу да им понуди на обожавателите кои доаѓаат во посета.

Со ова почнуваат да му се гајат идеи за изградба на место во близина на неговите студија во Бурбанк. Тогаш од неговите идеи произлегува мало паркче за забава со брод за возење и неколку тематски области. Првобитниот концепт на Дизни, неговиот Мики Маус Парк ( Мицкеѕ Моусе Парк ) стартува со земјиште со големина од 8 акри ( 3. 2 хектари ). Дизни започнува со посета на многубројни паркови како би црпел инспирација за нови замисли, вклучувајќи ги Тиволи Гарденс (Тиволи Гарденс) во Данска, во Холандија и Гринфилд Вилиџ ( Греенфиелд Виллаге ), Плеиленд ( Плаѕланд ) и «илдренс Фериленд во САД, Дизни ги започнува своите дизајни работејќи по одредени концепти, кои подоцна прераснуваат во проект кој е видно поголем од 8 акри (3.2 хектари).

Дизни го вработува консултантот Харисон Прајс од Стенфорд институтот за истражување да ја измери соодветната површина како би се лоцирал тематскиот парк заснован врз потенцијалното зголемување на реонот. По добиениот извештај од Прајс, Дизни стекнува 160 акри ( 65 хектари ) од насадници со портокали и оревови дрва во Анахајм, југоисточно од Лос Анџелес во соседтво на Оринџ Каунти.

Потешкотиите при стекнување на финансии го охрабруваат Дизни да истражува нови методи за собирање на финансиски средства. Решава да ја искористи телевизијата и го создава шоуто именувано како Дизниленд ( Диснеѕланд ) кое се емитува во тогаш сè уште неразвиената Еј Би Си ( АБЦ ) телевизиска мрежа. За возврат телевизијата му ветува финансиска помош за изградба на нов парк. Во првите пет години од неговото работење, Дизниленд (Диснеѕланд ) е поседуван од Диснеѕланд, Инц кој пак е заеднички поседуван од Волт Дизни Продакшн ( Њалт Диснеѕ Продуцтион ), Волт Дизни ( Њалт Диснеѕ ), Вестерн Паблишинг ( Њестерн Публисхинг ) и Еј Би Си ( АБЦ ). Згора на сето тоа, Дизни изнајмува голем број од продавниците на Меин Стрит ( Маин Стреет ), САД на надворешни компании. До 1960 година Волт Дизни Продакшн ( Њалт Диснеѕ Продуцтион ) целосно ги откупува Еј Би Си ( АБЦ ), Вестерн Паблишинг (Њестерн Публисхинг ) и акциите на Волт Дизни. Изградбата започнува на 16 јули 1954 година и чини цели 17 милиони долари сè до комплетирањето. Паркот се отвора една година и еден ден подоцна. У.С. Роуте 101 ( подоцна Интерстате 5 ) е исто така во изградба во исто време но само од северната страна ; со подготовка за метежот кој се очекува дека ќе произлезе од Дизниленд, додадени се уште две коловозни ленти на автопатот пред завршувањето на паркот.

Јавното отворање на Дизниленд паркот е на 18 јули 1955 година со само 20 атракции. Специјалниот настан,, Интернационална Новинарска Премиера ˝ е одржан во недела, 17 јули 1955 година и е отворен само за поканети гости и медиумите. Спешл Сандеј Ивентс ( Специал Сундаѕ Евентс) вклучувајќи јаи посветата, се ТВ емитувани ширум светот и поткрепени од тројцата пријатели на Дизни од Холивуд : Арт Линклетер ( Арт Линклеттер ), Боб Кумингс ( Боб Цуммингс) и Роналд Реган ( Роналд Реаган ). Еј Би Си ( АБЦ ) го емитува настанот во живо на својата мрежа. Но овој настан не поминува толку бескпрекорно. Паркот е пренатрупан со гужва бидејќи настанот за само поканетите е провален со фалсификувани карти. Се очекувало да се појават само 11 000 луѓе, но вчудовидувачката бројка од 28,154 е целосната бројка на присутната популација. Телевизиските ѕвезди како и другите останати познати личности кои биле закажани да се појават на секои два саати, се појавуваат сите оддеднаш. Сите главни патишта во близина се празни. Температурата достигнува невообичаени 38 степени и дефектот на водоводот остава пресушени голем дел од фонтаните чија намена е за пиење вода. На Дизни му е даден изборот за Фонтана или пак тоалети но тој ја избира втората опција.

Ова предизвикува негативен публицитет бидејќи Пепси ( Пепси ) го спонзорира отворањето на паркот ; разочараните гости веруваат дека непоправливите фонтани се само евтин начин за продажба на сода. Асфалтот кој е ставен истото утро е до тој степен мек што високите чевли на дамите пропаѓаат во истиот. На продавачите им завршува сета храна. Итсекувањето на гас во Фантазиленд - Земјата на Фантазиите ( Фантасѕланд ) предизвикува затворање на Адвентурленд - Земјата на авантурите ( Адвентуреланд ), Фронтиерленд Граничната земја ( Фронтиерланд ) и Фантазиленд Земјата на фантазиите ( Фантасѕланд ) попладнето. Забележани се неколку родители што ги ставаат своите деца на рамо за да се пробијат низ гужвата како би се возеле нините деца на вртелешката на Кралот Артур.

Паркот добива негативна новинарска критика од,, Интернационалната Новинарска Премиера ˝ со фактот што Дизни ги поканува присутните да дојдат на,, втор приватен ден ˝ за да го доживеат Дизниленд во право светло. Во подоцнежните години Дизни и неговите извршители се осврнуваат кон 17 јули 1955 година како,, Црната Недела ˝. Денес членовите носат симболични брошови на 17 јули како знак на прослава на годишнината на паркот, потврдувајќи колку многу години изминале од самото отворање на паркот во 1955 година. Но исто така во првата декада Дизни официјално потврдува дека денот на отворање е 18 јули 1955 година и го слави 18- ти како негова годишнина. На пример, во 1967 година новините за Дизниленд се обраќаат кон 17 јули 1955 година како,, Ден на Посвета ˝ а не како,, Ден на Отворање ˝.

На денот на отворањето, понеделник 18 јули, народот се збива во линија уште рано наутро во 2 часот и првата личност која купува билет и влегува во паркот е Дејвид Макферсон ( Давид МацПхерсон) со влезница број 2, бидејќи Рој О.Дизни ( Роѕ О. Диснеѕ ) веќе претходно ја купил влезницата со број 1 од Куртис Лаинбери ( Цуртис Линеберрѕ ), раководител на продажба. Волт Дизни има официјална слика со две деца на неа, Кристина Вес Ваткинс ( Цхристине Весс Њаткинс ) 5 години и Мајкл Швартнер ( Мицхаел Сцхњартнер ) 7 години ; Сликата со нив тројца води кон погрешна претстава за тоа кој прв го посетил Дизниленд ( децата во овој случај ). Ваткинс и Швартнер добиваат доживотни пропусници за Дизниленд тој ден а Макферсон е награден нешто подоцна, ритуал кој подоцна се проширува во секој Дизниленд парк ширум светот. Приближно 50 000 посетители присуствувале на Денот на отворањето во понеделникот.

Раните години

Во септември 1959 година, Советскиот премиер Никита Хрушчов поминува 13 дена во САД. При неговата посета, Хрушчо вима две барања: да го посети Дизниленд и да се запознае со Џон Вејн – холивудската атракција која ги урива сите благајни. За време на Студената Војна каде тензијата и сигурноста се од големо значење, тој одлучно сака да направи обиколка низ Дизниленд. Иранскиот Шах и Импераорот Фарах се лично поканети во Дизниленд од страна на Волт Дизни. во раните 60- ти години. Видеото каде Шахот и Дизни се возат на лудата железница Матерхорн е достапно на ЈуТуб. Во подоцната 1963 година активисти за човекови права сè уште вршат притисок врз паркот да вработи луѓе од црната раса, според биографијата на Нил Геблер за Волт Дизни.

Во доцните 90 - ти, работата започнува да се шири во сопственост на еден парк и еден хотел. Дизниленд паркот, Дизниленд хотелот и местото од оригиналното паркиралиште како и стекнатите околни имовини се обележани како би станале дел од поголемото одморалиште кое се развива понатаму. Новите компоненти од ова одморалиште се со намена да постанат уште еден тематски парк; Дизни Калифорнискиот Парк на авантурата ; комплекс за шопинг, за јадење и за забава. Даунтаун Дизни - Центарот на Дизни; реконструираниот Дизниленд хотел; Големиот Дизни Калифорниски Хотел и СПА; и стекнатиот дел од Пан Пацифик Хотел (подоцна реконструиран и преименуван во Дизниевиот рај Пиер Хотел). Поради постоечкото паркиралиште (јужно од Дизниленд) кое е изградено по овие проекти,

На шест нивоа, 10,250 - простор Мики и пријателите градбата за паркирање е изградена во северниот дел на земјиштето. За време на неговото целосно комплетирање, во 2000 година, паркот претставува воедно и најголемо паркиралиште во САД.