Дагоберт III е крал на Франките од 711 до 715.
Роден околу 699, син и наследник на кралот Хилдеберт IV, дошол на престолот на возраст од 12 години, а починал на 16 години. Бидејќи бил малолетен во тек на целото свое владеење, неговите мајордоми владееле во негово име. Кога тој бил крал, мајордом на Австразија бил моќниот Пипин Хересталски. Во Неустрија мајордом бил Гримоалд Младиот, помалиот син на Пипин Хересталски.
Во тек на неговото владеење, Гримоалд бил убиен од некој бунтовник. Тој бил заменет од неговиот помал син, младиот Теодебалд. Потоа стариот Пипин Хересталски починал. Плектруда, неговата вдовица, го управува кралството во име на кралот Дагоберт и мајордомот Теодебалд, и двајцата малолетни. Франките од Неустрија го искористуваат тоа за да дигнат бунт. Тие собираат војска во шумата кај Куиз-ла-Мот, и ја поразуваат австразиската војска на Теодебалд. Неустрија тогаш повторно станува независна и го именува Раганфред за нов мајордом на палатата кој подоцна ја опустошил Австразија. Дагоберт умира во 715.
Извори
- Поглавје 7 од « Продолжение на хрониката на Фредегер » (околу 760) :
Категорија:Меровинзи Категорија:Франкиски кралеви Категорија:Кралеви на Бургундија Категорија:Европски монарси од 8 век Категорија:Французи од 8 век Категорија:Родени во 699 година Категорија:Починати во 715 година