Националниот музеј на жртвите од Гладомор (украински: Національний музей Меморіал пам'яті жертв голодоморів в Україні) е музеј кој се наоѓа во Киев, Украина во близина на манастирските пештери. Комплексот е посветен на годините на глад од 1932 до 1933 година во Украина, како и од 1921 до 1923 година.
Овој комплекс бил изграден во 2008 година. Музејот бил основан по наредба на кабинетот на украинските министри. Комплексот е дело на националниот уметник на Украина, Анатолиј Гајдамаки и архитектот Јуриј Ковалев.
Во 2010 година, музејот добил статус на национален споменик.
Категорија:Знаменитости во Киев Категорија:Музеи во Киев Категорија:Киевско-печерска лавра Категорија:Споменици во Печерскиот реон