Хилперик II — крал на Франките од Неустрија и Бургундија од 715 до 719 потоа на сите Франки од 719 до 721.

Роден околу 671, ниеден современ извор не назначува ништо во врска со неговото потекло. Ако се прифати дека потекнува од меровиншката лоза, тогаш треба да се гледа или како помлад син на Хилдеберт IV Ако се земе предвид реченицата од "Животот на војводата Пипин Стариот (Vie du duc Pépin l'Ancien)" која укажува дека Хилдерик II умрел без да остави поколение. или како син на Хилдерик II Patrick J. Geary, Naissance de la France : le monde mérovingien, édition Flammarion, 1989, p.266 ; Maurice Bouvier-Ajam, Dagobert Roi des Francs, « Figures de proue », éditions Tallandier, 2000, p.9 ; Anne Bernet, Radegonde, éditions Pygmalion, 2007, p.371.,name="Armand,331",. Ако ја следиме втората хипотеза, по смртта на татко му, на мајка му и на другите кралски деца во 675, тој тогаш веројатно побегнал и се скрил кај својата баба Батилда, тогаш калуѓерка во Шел иако тогаш имал само пет години "Armand,331"

thumb|left|Крунисувањето на Хилперик II. Големи хроники на Франција. Париз, библиотека Сент-Женевјев.

По смртта на Дагоберт III, тој излегол од некој манастирХилперик впрочем би се викал Даниел (Régine le Jan, Les mérovingiens, PUF, 2006, p.31, Frédéric Armand, Ibid., p.331 et Patrick J. Geary, op. cit., p.266), и се прочул глас дека тој му е син на Хилдерик II. и е избран за крал од страна на Неустријците кои се бунтувале против регентството на Плектруда, вдовица на мајордомот на Австразија Пипин Хересталски. Тој е потоа крунисан од страна на мајордомот Раганфред под името Хилперикname="Armand,331" Frédéric Armand, Chilpéric I, La louve éditions , 2008, p.331.. За да раскрсти со хегемонијата на Пипинидите, Хилперик и неговиот мајордом Раганфред влегле во сојуз со војводата Радбод. Но во 716, тој бил поразен од војската на Карло, незаконскиот син на Пипин Хересталски. Ова му овозможило на Карло да ја тргне Плектруда од власта и да се прогласи за единствен водач на Франките од Австразија.

Потоа Карло ги свртел своите војски кон Неустрија, и ги победил Хилперик и Раганфред во Винши во 717. Карло поставил потоа друг крал, Хлотар IV во Австразија за да ја оправда својата војна што ја почнал против кралот Хилперик. НоРаганфред не се откажувал. Во 718, стапил во сојуз со моќниот војвода Одо Аквитански. Карло тогаш пак тргнал на воен поход против своите непријатели. Одо, во паника, се вратил во својата земја заедно со кралот Хилперик.

Во 719, по смртта на кралот Хлотар, војводата Одо Аквитански го испратил Хилперик кај Карло за да бара негова прошка бидејќи се бунтувал. Хилперик тогаш бил прогласен за крал на сите Франки. Тој умрел во кралскиот дворец во Ноајон. во 721.

thumb|left|Потврда на заштитните привилегии доделени во опатијата Сен-Дени.

Во тек на своето владеење, Хилперик на 29 декември 716 направил указ за потврда на заштитните привилегии поради потекло во опатијата Сен-Дени.

Меѓу 719 и 720, во тек на неговиот престој во дворецот на војводата од Аквитанија во ТулузаLa mention de la Garonne dans l'article 1 de l'Edictum fait dire à Frédéric Armand que la proclamation du document eut lieu au plus tôt à cette période. Armand, op. cit., p.332., Хилперик преку своите канцелари издал еден едикт (Edictum), кој бил вметнат во продолжение на салискиот закон. Член 3 од овој едикт се менува франкиското право на наследство давајќи им ја можноста на жените да го наследуваат татковиот имот, односно земја Frédéric Armand, op. cit., 332..

Извори

thumb|Chilpéric II octroyant des privilèges à l'Évêque de Tournai.

- "Животот на војводта Пипин Стариот" (околу 760) :

- Поглавје 9 од "Продолжение на хрониката на Фредегер" (околу 760) :

- Поглавје 10 од "Продолжение на хрониката на Фредегер" (околу 760) :

Белешки и наводи

Категорија:Средновековен монарх Категорија:Крал на Франките Категорија:Меровинзи Категорија:Починати во 721 Категорија:Родени во 672 година Категорија:Починати во 721 година