Теодорих IV (Теодорих) роден во 713 починат во 737, бил крал на Франките. Тој владеел од 721 до 737.
По смртта на неговиот татко Дагоберт III, во 715, бил затворен во опатијата во Шел, потоа во Шато-Тјери. Кога кралот Хилперик II умрел без наследник во 721, Карло Мартел го повикал Теодорих IV, и го наместил на престолот. Меѓутоа, во тек на целото негово владеење, Карло Мартел продолжува да ја има реалната извршна и законодавна моќ како негов мајордом. Теодорих IV не учествувал во ниедна битка за одбрана на границите на империјата.
По неговата смрт во 737, престолот на кралството на Франките останал празен сè до 743. Пипин Малиот потоа за крал го поставил Хилдерик III, последниот меровиншки крал.
Извори
- Поглавје 10 од "Продолжение на хрониката на Фредегер" (околу 760) :
Поврзано Генеалогија на Меровинзите Лажни Меровинзи
Категорија:Личност од 8 век Категорија:Средновековен монарх Категорија:Крал на Франките Категорија:Меровинзи Категорија:Родени во 713 Категорија:Починати во 737 Категорија:Родени во непозната година Категорија:Несигурна година на раѓање Категорија:Починати во 737 година