Ванчо Барбаревски — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Животопис Роден е во селото Барбарево (денес Горно и Долно Барбарево), тогаш во Османлиското Царство, денес во Македонија. Син е на војводата на ВМОРО, Цано Барбаревски. Влегол во ВМРО и станал штипски војвода. Во мај 1925 година по жестока борба со југословенската потера во месноста Синковица и Радкова Карпа, во близина на селото Шалковица, бил тешко повреден и заробен. Умрел во затворот во Свети Николе.Николов, Борис Ј. Внатрешна македонско-одрински револуционерна организација. Војводи и раководители (1893-1934). Биографски-библиографски директориум, Софија, 2001, стр 17.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Луѓе од Пробиштипско Категорија:Починати во 1925 година Категорија:Починати во Свети Николе Категорија:Југословенски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Југославија