Опсадата на Париз од 885 до 886 била опсада на градот Париз, тогашна престолнина на кралството на Западните Франки што ја извршиле Викинзите и еден од најзначајните настани во текот на владеењето на царот Карло Дебелиот и значела пресвртница за династијата Каролинзи како и за историјата на Франција.

Историски контекст

Од 799, дата на нивниот прв напад врз Каролиншкото Царство, Викинзите се обидувале да навлезат на франска територија, напаѓајќи од море на копно, преку устијата на реките. После една пауза од 870 и 880, поразот на Данците во Англија во Етандун и мирот со Алфред Велики, крал на Весекс, тие се свртеле против Каролинзите. Ги пустошеле бреговите на Сома уште во 879, но биле неутрализирани во Битката кај Сокур-ен-Виме од страна на Луј III во 881. Следната година ја нападнале Лотарингија. Императорот Карло Дебелиот извршил опсада на нивниот утврден воен логор во (Елсло или Аселт, во Лимбург), но место да нападне, претпочитал да им плати 2.800 ливри злато за бандите на Годфред, Сигфред и Вурм да го напуштат регионот, во (јули 882)Édouard Favré Eudes, comte de Paris et roi de France, (882-898) d'après les textes écrits par le moine Abbon de Saint-Germain-des-Prés, É. Bouillon, 1893. Пролетта 883, тие повторно ја опљачкале Фландрија, потоа откако го победиле кралот Карломан кај реката Сома, се утврдиле кај Амјен. На 2 февруари 884, Карломан им понудил 12.000 ливри злато за да го напуштат градот а тие тоа и го сториле во октомври. Се истовариле во Болоња ; некои отишле во Англија, а други презимиле во Лувен. Карло Дебелиот станал крал на Западна Франкија по смртта на Карломан, уште еднаш обединувајќи го западното царство. Тој во Понтион ги примил заклетвите на новите поданици и наредил здружен воен поход на Франките од Неустрија и од Лотарингија против Викинзите во Лувен, кој не бил успешен. Данците одлучиле да извршат голема инвазија врз Западна Франкија, а градот Руан го одбрале за нивно централно место. Градот бил заземен на le 5 јулиFrédérick Gersal Des duchés au royaume Fernand Lanore, 1987 ISBN|2851570293|9782851570291. Викинзите од Лувен се придружиле по копнени и водени патишта. Тие биле засилени со банда која дошла од Англија и оформиле стравотна сила за која Абон вели дека броела од 30 до 40 илјади луѓе на 700 бродови, цифра која е мошне дискутабилна .

Опсаdate

На 31 јануари 886, Викинзите поделени во три групи ја нападнале кулата и мостот на десниот брег, наеднаш и од копно и од реката, без да успеат да го скршат отпорот на Франките. Нападот бил повторно обновен на 1 февруари: се обиделе со сите расположливи средства но не успевале да ја пробијат одбраната на Франките. Се обиделе потоа да го запалат мостот пуштајќи запалени бродови, но овие застанувале на подигнатите камени брани а париското население ги гасело пожарите. На 3 февруари, Норсеманите се повлекле во воените логори, оставајќи ја зад себе дел од тешката воена машинерија. Сигфрид се повлекол со своите трупи и отишол да ја опустошува на исток од Франкија, околу Ремс, како што за тоа сведочат писмата од тоа време на архиепископот Фулк. На 6 февруари 886, успеале да ја освојат кулата која го бранела мостот Пети-Пон, на левата страна на Сена; тие го запалиле и ги масакрирале неговите бранители.

После тоа опсадата продолжила. На 16 февруари, дел од Норсеманите го нападнале Шартр но неуспешно ; не успеале и пред Ле Ман, но го освоиле и ограбиле Евре

Во март 886, повикан од Гозлин, грофот Анри од Франконија не успеал во својот обид да го осигура Париз; откако заминал, Нореманите се утврдиле на десниот брег на Сена, околу опатијата Сен-Жермен-де-Пре. Одо и Гозлин почнале преговори со Сигфрид нудејќи му 60 ливри злато за да се повлече. Исплатен, Сигфрид ја однел својата војска кон лесното освојување на Баје но многу војници кои не виделе полза од исплатата одбиле да го следат. Тие продолжиле со нападите но биле неутрализирани од страна на Франките.

Владиката Гозлин умрел на 16 април, жртва на епидемијата која го пустошела градот. На 12 мај, по смртта на Иго Опатот во Орлеан парижаните ги загубиле сите надежи за засилување. На 28 мај, грофот Одо тајно го напуштил градот за да оди да побара помош од императорот. Во тек на неговото отсуство, Ебл, опат на Сен-Дени ефикасно го бранел и снабдувал градот. Враќањето на Одо било со тешкотии бидејќи тој морал да се пробива низ борбените линии на опсадата

Доаѓањето на императорот На 30 јули 886, императорот Карло Дебелиот, на враќање од Италија, е во Мец каде решава да тргне против Викинзите во Париз; тој споро напредува, поради дождовите и поплавите. На 16 август стигнал во Атињи, на 22 во Серве близу Лан ; кога стигнал во Киерзи, го испратил грофот Анри од Франконија кој го испратил во Париз но пред градот тој е убиен на 28 август; подоцна, пред доаѓањето на империските трупи, Норсеманите пробале уште една офанзива на градот која била одбиена. Поголемиот дел на франските трупи пристигнал во Париз во месец септември. Императорот не се осмелил да се соочи со Викинзите па со нив преговарал нудејќи им да им плати 700 ливри сребро како цена за нивното дефинитивно повлекување. Тој им дозволил да одат да ја опљачкаат Бургундија бидејќи овој регион дигнал бунт против него. На 6 или 7 ноември, Карло Дебелиот си заминал од Париз и отишол во Соасон да подели бенефиции. Викинзите се повлекувале од Париз влечејќи ги своите бродови по копно сè до Марна. Парижаните не им дале премин бидејќи тоа не било предвидено во договорот со императорот. Во мај 887 Викинзите се вратиле по наградата предвидена во договорот. Парижаните им дозволиле премин под услов да не тргнат по Марна но овие сепак тргнале по реката сè до Шеси, близу до Лањи, каде презимиле; кога парижаните дознале дека Викинзите го прекршиле договорот и дека убиле дваесет христијани, парижаните ги убиле сите Нормани кои се наоѓале во градот освен оние кои биле заштитени од владиката Аншерик.

Последици Репутацијата на Карло Дебелиот сериозно била нарушена после неговиот став во однос на Викинзите. Во декември 887, болен, бил симнат од страна на великодостојниците и заменет со Арнулф Коринтски, избран за крал на Источна Франкија. Тоа е крај на каролиншката империја. Одо, благодарение на отпорот во текот на опсадата бил избран за крал на Западна Франкија во 888, наместо каролиншкиот крал Карло Простиот, кој пак го наследил по неговата смрт во 898.

Париз, кој не бил толку значаен град за време на Каролинзите, ја потврдил својата стратешка положба во центарот на Западна Франкија.

Данските напади на Западна Франкија не биле веќе толку зачестени после поразот при опсадата. Поразени близу до Шартр во 911, Норманите (односно, Норманди) заедно со нивниот водач Ролон во долната долина на Сена, што потоа станува Грофовија на Нормандија. Преобратени во христијани, тие станале поданици на Франките.

Примарни извори Опсадата на Париз од страна на Нормандите, 885-892, од монахот Абон (Le Siège de Paris par les Normands, 885-892, du moine Abbon, Paris, Paléo Éditions, Collection Sources de l'histoire de France, 2002). Монахот Абон од Сен-Жермен-де-Пре, во оваа поема во стихови кажува за оваа опсада на париз од страна на Викинзите, која подоцна му овозможила на грофот Одо да ја бара круната на Западна Франкија. Абон бил мошне млад кога присуствувал на овој конфликт. Тој раскажува што видел и што парижаните чувствувале во тек на опсадата. Абон го завршил своето дело 11 години после опсадата, или, во 897. Аналите на опатијата Сен-Вааст или ’’Annales Vedastini’’.

Надворешни врски Gallica : Опсадата на Париз од Нормандите, поема на Абон. Хроника на Флодоард. Хроника на Раул Глабер J.-L.-J. Brière (Paris) Remacle.org : Абон : Поема на опсадата на Париз од Нормандите со оригинална транскрипција

Наводи

Понатамошни четива

Категорија:Судири во 9 век Опсада Категорија:Опсади на Франција Категорија:Битки на Викинзите Категорија:885 Категорија:886 Опсада