Војдан Стојановски (роден на во Скопје) — македонски кошаркар, бек на македонската репрезентација и на кошаркарскиот клуб МЗТ Аеродром.

Тој е брат-близнак на кошаркарот Дамјан Стојановски и е помлад брат на поранешниот кошаркар Огнен Стојановски.

Клупска кариера Кариерата ја започнал во Вардар при што со него го освоил Купот на Македонија. Веднаш следната сезона се преселил во АМАК СП од Охрид. Таму останал две сезони и со клубот во 2009 година го освоил Купот на Македонија. По распаѓањето на АМАК СП во 2009 година, тој ја започнал својата меѓународна кариера во екипата на Напредак Крушевац од Србија, играјќи таму една сезона. За следната сезона 2010-2011, се вратил во Македонија во Фени Индустри, клуб со кој го освоил македонското првенство и Балканската лига.

Во 2011 година се преселил во Украина, каде играл за тамошните клубови Черкаски Мавпи во сезоната 2011-2012, а потоа и за Донецк во сезоната 2012-2013 со кој го освоил украинското првенство.

Во сезоната 2013-2014, потпишал за германската Алба Берлин. Во својата прва сезона во клубот Војдан и помогнал на Алба да го освои Купот на Германија, совладувајќи го Улм во финалето со 86-80. Во летото 2014 година му пропаднал трансферот во Бремерхафен, па веднаш потоа потпишал нов договор со Алба Берлин. Во сезоната 2014-2015, Војдан со клубот од Берлин дебитирал во Евролигата, каде одиграл 11 натпревари со просек од 4,3 бода, 1,2 скокови и 1,2 асистенции по натпревар.

На крајот на јануари 2015 година, Војдан ја напуштил Алба Берлин и се преселил во МораБанк Андора во шпанската АЦБ лига. Во август 2016 година, се преселил во Севиља, односно Реал Бетис како ново спонзорско име на клубот.

На крајот на јуни 2017 година, потпишал за турскиот клуб Бујукчекмеџе од Истанбул. За сезоната 2018/19, односно во август, Војдан потпишал за германскиот клуб Олденбург. На почетокот на јули, на Војдан му завршила соработката со германскиот клуб. По пет месеци без клуб, во декември 2019 година тој потпишал за францускиот клуб По Лак Ортез. По истекот на едномесечниот договор со По Ортез, во средината на јануари 2020 година, Војдан се преселил во клубот Гравелин-Данкерк кој исто бил од Франција. Во мај, Војдан ја продолжил соработката со Данкерк за следната сезона. Во март 2021, за време на тренинг, Војдан се здобил со посериозна повреда на левото колено, со што за него завршила сезоната 2020/21.

Репрезентативна кариера Војдан Стојановски е член на Кошаркарската репрезентација на Македонија. Учествувал на Евробаскетот 2009, Евробаскетот 2011, Евробаскетот 2013 и Евробаскетот 2015 година. За време на завршниот турнир 2015 во групната фаза во Загреб - Хрватска, Војдан бил петтиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 37 бода на четири натпревари (9,3 по натпревар).Accumulated Stats eurobasket2015.org

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Војдан. Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.

Во моментов тој е капитен на репрезентацијата.

Хронологија на репрезентативни настапи

Статистика Евролига http://www.euroleague.net/competition/players/showplayer?pcode=003934#!careerstats

| style="text-align:left;"| 2014–2015 | style="text-align:left;"| Алба Берлин | 11 || 0 || 13.1 || .378 || .368 || .750 || 1.2 || 1.2 || 0.5 || 0.0 || 4.3 || 3.4 |- class="sortbottom" | style="text-align:left;"| Кариера | style="text-align:left;"| | 11 || 0 || 13.1 || .378 || .368 || .750 || 1.2 || 1.2 || 0.5 || 0.0 || 4.3 || 3.4

Успеси

Титули Вардар Куп на Македонија (1) : 2007

АМАК СП Куп на Македонија (1) : 2009

Фени Индустри Прва македонска лига (1) : 2010/11 Балканска лига (1) : 2010/11

Донецк Украинска Суперлига (1) : 2011/12

Алба Берлин Куп на Германија (1) : 2014 Суперкуп на Германија (2) : 2013, 2014

Признанија Најдобар млад кошаркар за 2007 година Најмногу подобрен играч на сезоната 2007/08 Втора најдобра петорка на сезоната 2007/08 Најдобра домашна петорка на сезоната 2007/08 Најдобар домашен кошаркар за 2008 годинаИзбрани најдобрите во Мак баскетот во 2015, Војдан и едина се најдобрите кошаркар и кошаркарка basketball.org.mk 23 декември 2015 Најдобар домашен кошаркар за 2011 година Најкорисен играч на финалето во лигата 2010/11 Најдобра домашна петорка од сезоната 2010/2011 Особен придонес во сезоната 2010/2011 Најдобар кошаркар за 2015 годинаМКФ го потврди изборот на Војдан Стојановски за кошаркар на 2015 година! sportmedia.mk 23 декември 2015Војдан Стојановски најдобар македонски кошаркар за 2015 година sport365.mk 23 декември 2015 Најдобар кошаркар за 2018 година

Наводи

Надворешни врски

Профил на Војдан Стојановски на Eurobasket.com Профил на Војдан Стојановски на RealGM

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје