Светска турнеја на UCI (2009–2010: Светски ранкинг на UCI) — најважна годишна велосипедска друмска турнеја за мажи, поставени над различните континентални турнеи. Во турнејата влегуваат 38 трки и, до 2019 година, годишен систем за пласмани заснован на резултатите од овие трки. Светскиот ранкинг бил започнат во 2009 и во 2011 бил споен целосно со неговиот претходник UCI ProTour.
UCI WorldTeam екипите мора да учествуваат на сите трки кои биле дел од турнејата пред проширувањето во 2017 година.
Историја
Сè до крајот на 2004, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) ги одржувал и Светскиот друмски ранкинг, во кои се наградувале резултатите на сите тие трки и Светскиот друмски куп, кој се наградувал врз основа на резултатите во десет одбрани еднодневни настани. Двата настани биле заменети од сезоната во 2005 од UCI ProTour и континенталните трки UCI. Меѓутоа, споровите помеѓу UCI и АСО, организаторите на Тур де Франс и другите класици и на крај со организаторите на Трките околу Италија и Шпанија, значело дека од 2008, ProTour бил претставен како ранг-метод, како единствен за монументалните настани и трите други класици, кои остануваат под покровителство на UCI. Како резултат на тоа, Светскиот ранкинг на UCI бил воведен, спојувајќи ги резултатите од двете ProTour и другите престижни настани.UCI список на настани и датуми за календарот во 2009
На почетокот на 2011, ProTour и Светскиот ранкинг биле повторно целосно споени.ProTour е мртва, долго да живее Светската турнеја Cyclingweekly. Accessed 14-01-11 Системот за рангирање бил ребрендиран како 'Светска турнеја', додека 'ProTeam' Известување за печатот - Регистрација за UCI ProTeams за сезоната 2011 UCI. Accessed 14-01-11 бил задржан како категорија за регистрирање на професионалните тимови. Сите ProTeam екипи добиваат автоматски влез на настаните од Светската турнеја.
И покрај што завршиле втори во екипниот пласман во 2012 година, првично биле одбиени за место во сезоната 2013. По жалбата во Арбитражниот суд за спорт им била вратена лиценцата во февруари 2013 година, пропуштајќи ја трката Тур Даун Андер 2013. Иако, UCI претходно изјавиле дека враќањето на Катјуша ќе предизвика одземање на лиценца на друга екипа, на крајот објавиле дека ќе има 19 екипи во една сезона. Во 2015 година имало само 17 екипи, откако немало пријавени за 18. место.
За сезоната 2017, UCI додала 10 нови настани во календарот, со што вкупниот број се искачил на 38. Новите настани биле: Трка околу Калифорнија, Трка околу Катар (која подоцна пропаднала), Трка Абу Даби, Трка околу Турција, Дварс дор Вландерен, Омлоп хет Ниусблад, Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“, Класик Лондон-Сари, Трка околу Франкфурт и Страде Бјанке.
Во 2019 година, Три дена Де Пане (еднодневна трка, иако името го задржало описот на поранешниот формат) била додадена на календарот, а Трката Абу Даби откако се споила со Трката Дубаи, била преименувана како Трка ОАЕ. Светската турнеја престанала да биде систем за рангирање, откако била заменета од Светскиот пласман.
Настани (од 2019 г.)
Светската турнеја на UCI се состои од 37 настани. Овие настани се сочинети од:
Три големи трки Пет монументални еднодневни трки Десет други етапни трки во Европа Тринаесет други еднодневни трки во Европа Една етапна трка во Австралија Една етапна трка во Обединетите Арапски Емирати Една етапна трка во Кина Една еднодневна трка во Австралија Две еднодневни трки во Канада
ТркаБодови за Светската турнејаUCI ранг - Бодовна скалаПобедникВторТретпоследно место за кое се добива бодови Тур де Франс Краен пласманСекоја етапа1000120800506752560. (10 бода)5. (5 бода) Џиро д’Италија Вуелта а ЕспањаКраен пласманСекоја етапа850100680405752060. (8 бода)5. (4 бода) Тур Даун Андер Париз-Ница Тирено-Адријатико Тур де Романди Критериум ди Дофине Тур де СвисКраен пласманСекоја етапа50060400253251060. (3 бода) - Волта а Каталуња Трка околу Баскија Трка околу Полска БинкБенк ТурКраен пласманСекоја етапа4005032020260860. (2 бода) - Трка ОАЕ Трка околу ГуангсиКраен пласманСекоја етапа3004025015215660. (1 бод) - Милано-Санремо Гент-Вевелгем Трка околу Фландрија Париз-Рубе Амстел Голд Рејс Лиеж-Бастоњ-Лиеж Гран при Квебек Гран при Монтреал Џиро ди Ломбардија50040032560. (3 бода) Е3 Харелбеке Флеш Валон Класика де Сан Себастијан Јуроајс Класик Класик Бретања40032026060. (2 бода) Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ Омлоп Хет Ниусблад Страде Бјанке Дварс дор Вландерен Трка околу Франкфурт Класик Лондон-Сари Три дена Брухе-Де Пане30025021560. (1 бод)
Во 2009 и 2010, само возачите за ProTour екипите и професионалните континентални екипи добивале бодови. Кога е национален настан, во трката учествува и некоја нерегистирана UCI екипа и неговите членови добивале бодови. Во 2011, се сменија правилата и сега само возачите од ProTeam имаат право да добиваат бодови.
Од 2012 до 2015 година, екипниот хронометар на Светското првенство придонесувал со бодови единствено во екипниот пласман.
Екипи
Екипи кои имаат право на настап на секоја од трките за 2021 година се следниве:
+ Екипи во Светската турнеја 2021 и нивната опрема Код Официјално име Земја Делови Велосипед ACT Кампањоло БМЦ APT Шимано Вилиер TBV Шимано Мерида BOH Шимано Спешалајзд COF Кампањоло Де Роса DQT Шимано Спешалајзд EFN Шимано / ФСА Канондејл GFC Шимано Лапјер IGD Шимано Пинарело IWG Шимано Кјуб ISN Шимано Фактор LTS Кампањоло Ридли MOV СРАМ Кањон BEX Шимано Бјанки DSM Шимано Скот TJV Шимано Сервело TQA Шимано БМЦ TFS Шимано Трек UAD Кампањоло Колнаго
Резултати Поединечен пласман
Година 1. 2. 3. 4. 5. 2009 Алберто Контадор 527 бода Алехандро Валверде 483 бода Самуел Санчес 357 бода Енди Шлек 334 бода Кедел Еванс 333 бода 2010 Хоаким Родригес 561 бод Филип Жилбер 437 бода Луис Леон Санчес 413 бода Кедел Еванс 390 бода Винченцо Нибали 390 бода 2011 Филип Жилбер 718 бода Кедел Еванс 584 бода Хоаким Родригес 446 бода Микеле Скарпони 419 бода Тони Мартин 349 бода 2012 Хоаким Родригес 692 бода Бредли Вигинс 601 бод Том Бонен 410 бода Винченцо Нибали 400 бода Алехандро Валверде 394 бода 2013 Хоаким Родригес 607 бода Крис Фрум 587 бода Алехандро Валверде 540 бода Петер Саган 491 бод Винченцо Нибали 474 бода 2014 Алехандро Валверде 686 бода Алберто Контадор 620 бода Сајмон Геранс 478 бода Руј Кошта 461 бод Винченцо Нибали 392 бода 2015 Алехандро Валверде 675 бода Хоаким Родригес 474 бода Наиро Кинтана 457 бода Александер Кристоф 453 бода Фабио Ару 448 бода 2016 Петер Саган 669 бода Наиро Кинтана 609 бода Крис Фрум 564 бода Алехандро Валверде 436 бода Алберто Контадор 428 бода 2017 Грег ван Авермат 3582 бода Крис Фрум 3452 бода Том Димулен 2545 бода Петер Саган 2544 бода Винченцо Нибали 2196 бода
Екипен пласман
Година1.2.3. 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Национален пласман (до 2016 г.)
Година1.2.3. 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Наводи
Надворешни врски
Светска турнеја на UCI
Категорија:Светска турнеја на UCI Категорија:Турнеи на UCI