Негрево — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Улица низ селото

Селото се наоѓа во областа Малешевија, во горното сливно подрачје на реката Брегалница, во средишниот дел на територијата на Општина Пехчево, недалеку од градот Пехчево. Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 до 1.080 метри. Од градот Пехчево е оддалечено 3 километри.

Атарот зафаќа простор од 19,7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 524 хектари, на пасиштата отпаѓаат 757 хектари, а на шумите 473 хектари.

Асфалтниот пат до селото бил обновен во текот на 2014 година, кој се двои од регионалниот патен правец Пехчево-Делчево.

Историја

Во XIX век, Негрево било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.

Во минатото, во Негрево работел погон на „Лозар“ од Пехчево за производство на ракија.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Негрево имало 315 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Негрево имало 400 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Поради иселување на дел од населението, Негрево преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото имало 411 жители, а во 1994 година 170 жители, сите Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Негрево живееле 97 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 45 жители, од кои 44 Македонци и 1 останат.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поранешното основно училиште

Едукативен центар за зачувување на природата — започнал со работа во 2018 година и е сместен во поранешната училишна зграда која што е обновена и опремена со голем број на образовни, креативни и интерактивни алатки и помагала. Основната цел на образовниот центар е да придонесе кон зачувување на природата во Брегалничкиот регион, преку едукација и подигање на јавната свест, како и промоција на одржливото користење на природните ресурси. Со реконструкцијата на старата училишна зграда, внатрешниот и надорешниот дел беа адаптирани за потребите на современ и интерактивен образовен процес, каде на несекојдневен и оригинален начин на посетителите ќе им се доближи значењето на природата и ќе се презентира биолошката разновидноста на брегалничкиот слив. Образовниот центар има уреден двор со елементи за интерактивни активности за деца, млади и возрасни. Посетителите може да ја посетат и „Патеката на Петко и шумските жители - Пехчевска авантура”, која го поврзува образовниот центар со месноста Јудови Ливади, каде вирее инсектојадното растение муволовка (Drosera Rotundifolia), кое е ендемски вид за овие простори.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Пехчево, во која влегувале градот Пехчево и селата Чифлик и Негрево.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Негрево се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Робово, Умлени, Црник и Чифлик.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0017 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 68 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 66 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Константин и Елена“

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Боро — населба од доцноантичкото време; Грамади — населба од доцноантичкото време; и Калов Дол — населба од доцноантичкото време.

Цркви Црква „Св. Константин и Елена“ — главна селска црква

Реки Негревска Река — притока на Пехчевска Река

Личности

Родени во Негрево Димитар Негревски — револуционер Ефтим Клетников (р. 1946) — поет и есеист Александар Шехтански — глумецНикогаш не ќе кажеме се за Ристо Шишков Луѓе со потекло од Негрево Ванчо Шехтански — адвокат и основач на партијата ТМРО Катерина Шехтанска — глумица, балерина и водителка

Култура и спорт

Училишната зграда во селото била одбрана како средишна зграда за новиот образовен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион. За таа цел зградата на поранешното основно училиште била целосно обновена. Проектот бил целосно поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, финансирана од страна на Швајцарската агенција за соработка и развој.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Едукативен центар за зачувување на природата на Негрево

Категорија:Села во Македонија Категорија:Пехчевски села Категорија:Села во Општина Пехчево