Александер Кристоф (; р. во ) — норвешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Го освоил националното друмско првенство во 2007 и во 2011 година. Негови најголеми победи се Милано-Санремо 2014 и Трката околу Фландрија 2015 меѓу другите успеси.
Кариера Рана кариера
На шест години, се преселил од Осло во Ставангер. Неговиот очув го заинтересирал во велосипедизмот, отколку во фудбалот. Тој започнал да вози за Ставангер СК. На 16 години, го освоил норвешкото првенство за млади и завршил четврти на Олимпијадата за млади.Dagbladet Sportsmagasinet 29 август 2008. Александер Кристоф. Стр. 8 Тој станал професионалец во 2006, кога започнал да вози за Глуд & Марстранд Хорсенс. Во 2007, тој станал норвешки друмски првак на 19, победувајќи го Тор Хушовд во спринт од четири возачи.Yngstemann ble bestemann BT.no
Катјуша (2012-2017)
мини|лево|Кристоф на Трката на Фјордовите во 2014 година
Го освоил бронзениот медал на друмската трка на Летните олимписки игри 2012 во Лондон.
2014
Во 2014 година, Кристоф го освоил италијанскиот класик Милано-Санремо победувајќи го Фабијан Канчелара при спринт. Подоцна истата година, Кристоф освоил две етапни победи на Тур де Франс освојувајќи го второто место зад Петер Саган во бодовниот пласман. Подоцна, оваа сезона, Кристоф освоил уште една победа кога победил на Ватенфал Класик, како и Трката околу Франкфурт во мај. Вкупно освоил 14 победи во сезоната 2014.
2015
Во 2015 година, Кристоф имал многу добар почеток во неговата сезона со три етапни победи на Трката околу Катар, притоа освојувајќи ја спринтерската маичка. Наскоро прославил уште една етапна победа на Трката околу Оман. На 1 март бил претекнат од Марк Кевендиш и го освоил второто место на Курне-Брисел-Курне. Освоил уште една спринтерска победа на Париз-Ница, додека се подготвувал за Милано-Санремо. Се надевал за повторна победа на трката, но Џон Дегенколб бил подобар од него во спринтерската завршница и се нашол на престижното второ место. Во месец март, останал покус за место на подиумот на Е3 Харелбеке, завршувајќи на четвртото место. Потоа учествувал на Три дена Де Пане, каде бил дел од бегство на шесторица на првата етапа и ја освоил во спринт на мала група, додека бил предводен од неговиот колега Свен Ерик Бистром. Го повторил тоа следниот ден, овој пат во масовен спринт. Кристоф исто така победил на етапата 3а, масовен спринт каде го поминал за многу мал дел од секундата Андре Грајпел. Со бонус секундите освоени на етапата го освоил генералниот пласман по завршувањето на третото место на етапата 3б, краток поединечен хронометар. Во април, Кристоф победил на престижната трка, Трката околу Фландрија. Нападнал на околу 30 километри пред целта со Ники Терпстра и подоцна победил во меѓусебниот спринт. Три дена подоцна Кристоф го освоил спринтерскиот полукласик Шелдепрејс, станувајќи првиот кој победил на Три дена Де Пане, Трката околу Фландрија и Шелдепрејс во истата сезона. Кристоф завршил десетти на Париз-Рубе, по што земал пауза од трките.
Се вратил на Трката околу Норвешка, каде завршил осми, притоа освојувајќи две етапи. Кратко потоа учествувал на Трката на Фјордовите, каде преовладал со спринтот, освојувајќи три етапи, бодовниот пласман и деветтото место во генералниот пласман. Исто така, ја освоил седмата етапа на Тур де Свис за влакно пред Петер Саган. Саган се одвоил од заветрината на Кристоф обидувајќи се да го претекне во последните метри, но не успеал.
2016
Во 2016 година ја започнал сезоната со три етапни победи на рамната Трка околу Катар, завршувајќи на второто место во генералниот пласман зад Марк Кевендиш.
2017
Во август 2017 година, Кристоф ја освоил друмската трка на Европското првенство во Данска.
ОАЕ Тим Емирати (2018-2021)
Подоцна во август 2017 година било потврдено дека Кристоф потпишал првично двегодишен договор со почнувајќи од сезоната 2018. Таму заминал со сонародникот Свен Ерик Бистрем.
2018
Кристоф ја започнал својата прва сезона со својата екипа на Трката Дубаи. После тоа настапил на уште две етапни трки на Средниот Исток. На Трка околу Оман ја освоил шестата и завршна етапа. Неговата втора победа во сезоната била на воведната етапа на Трката Абу Даби. Ја освоил последната етапа во спринт на Шанзелизе на Тур де Франс 2018.
2019
Во јуни 2019 година, Кристоф го продолжил својот договор со за уште две години, до крајот на сезоната 2021.
2020
Во август, Кристоф ја освоил воведната етапа на Тур де Франс, при што ја освоил жолтата маичка. Следниот ден ја изгубил маичката од Жилијан Алафилип на високопланинската етапа.
Личен живот
Кристоф се оженил со Марен Комедал во Ставангерската катедрала во октомври 2014 година и двојката има четири деца.
Достигнувања
2005 2. Национално хронометарско јуниорско првенство 10. Светско друмско јуниорско првенство 2006 Гренланд ГП 1. Етапа 1 1. Етапа 2 2007 1. 20п Национално друмско првенство 5. Трофеј Пореч 6. Класик Колиерс 2008 1. 20п Државно првенство за критериум 1. Етапа 4 Рингерике ГП 2. ГП Рогаланд 2. Трофеј Пореч 2009 1. 20п Национален друмски првак под 23 години 1. Етапа 3 Рингерике ГП 2. Национално друмско првенство 2. ГП Сандефјорд 5. Краен пласман Тур де Бретања 5. Ла Кот Пикард 7. Европско друмско првенство под 23 години 7. Дрејвенкурс Оверејсе 9. Трофеј Пореч 9. ЗЛМ Тур 10. Трка околу Фландрија под 23 години 2010 3. Меѓународно првенство Филаделфија 4. Ватенфал Класик 5. Гран при де Фурмје 7. Фландриско првенство 8. ГП Џеф Схеренс 9. Париз-Брисел 10. Схелдепрејс 10. Меморијал Рик ван Стенберген 2011 1. 20п Национално друмско првенство 2. Гран при де Фурмје 5. Гран при д’Исберг 7. Схелдепрејс 7. Париз-Брисел 7. Класик Лондон-Сари 7. Фландриско првенство 2012 Три дена де Пане 1. Етапа 3a 1. 20п Бодовен пласман 2. Гран при де Фурмје 3. 20п Олимписка друмска трка 3. Национално друмско првенство 3. Краен пласман Светски пристаништен класик 1. 20п Пласман за млад возач 4. Краен пласман Трка околу Данска 1. Етапа 4 1. 20п Бодовен пласман 6. Ешборн-Франкфурт 9. Курне-Брисел-Курне 2013 Трка околу Норвешка 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 5 1. Етапа 5 Тур де Свис 2. Национално друмско првенство 2. Краен пласман Три дена Де Пане 1. Етапа 3a 1. 20п Бодовен пласман 3. Ватенфал Класик 4. Краен пласман Трка околу Фјордовите 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 3 (ТТТ) 4. Трка околу Фландрија 4. Париз-Брисел 5. Награда на Шелда 8. Милано-Санремо 9. Париз-Рубе 2014 1. Краен пласман Трка на Фјордовите 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 4 1. Етапа 5 1. Милано-Санремо 1. Трка околу Франкфурт 1. Ватенфал Класик Трка околу Норвешка 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 5 1. Етапа 2 Трка околу Оман Тур де Франс 1. Етапа 12 1. Етапа 15 2. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка 1. Етапа 2 1. 20п Бодовен пласман 5. Трка околу Фландрија 8. Светско друмско првенство 8. Светска турнеја на UCI 8. Краен пласман Три дена Де Пане 8. ГП Западна Франција 2015 1. 20п Генерален пласман Три дена Де Пане 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 3а 1. 20п Бодовен пласман 1. Трка околу Фландрија 1. ГП Западна Франција 1. Шелдепрејс 1. ГП Кантон Аргау Арктичка трка на Норвешка 1. Етапа 1 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 Париз-Ница 1. Етапа 7 Тур де Свис 1. Етапа 3 Трка околу Оман 2. Милано-Санремо 2. Курне-Брисел-Курне 2. Ватенфал Класик 3. Краен пласман Трка околу Катар 1. Етапа 2 1. Етапа 4 1. Етапа 5 1. 20п Бодовен пласман 3. Гран при Квебек 4. Светска турнеја на UCI 4. Светско друмско првенство 4. Е3 Харелбеке 8. Краен пласман Трка околу Норвешка 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. 20п Бодовен пласман 9. Гент-Вевелгем 9. Краен пласман Трка на Фјордовите 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. 20п Бодовен пласман 10. Париз-Рубе 2016 1. 20п Краен пласман Трка на Фјордовите 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 5 1. Трка околу Франкфурт Трка околу Оман 1. Етапа 3 1. Етапа 6 1. Етапа 1 Арктичка трка на Норвешка 1. Етапа 7 Трка околу Калифорнија 2. Национално друмско првенство 2. Краен пласман Трка околу Катар 1. Етапа 2 1. Етапа 4 1. Етапа 5 1. 20п Бодовен пласман 2. Краен пласман Три дена Де Пане 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 2. Курне-Брисел-Курне 3. ГП Западна Франција 4. Трка околу Фландрија 5. Јуроајс Класик 6. Милано-Санремо 7. Светско друмско првенство 2017 1. 20п Европско друмско првенство 1. Трка околу Франкфурт 1. Класик Лондон-Сари Трка околу Оман 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 4 1. Етапа 6 Етоал де Бесеж 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. 20п Бодовен пласман Трка околу Британија 2. 15п Светско друмско првенство 2. Класик Бретања 3. Краен пласман Три дена Де Пане 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 4. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка 1. Етапа 2 4. Милано-Санремо 4. Јуроајс Класик 5. Трка околу Фландрија 7. Минстерланд Џиро 2018 1. Етапа 21 Тур де Франс 1. Трка околу Франкфурт 1. ГП Кантон Аргау 1. Етапа 1 Трка Абу Даби 1. Етапа 6 Трка околу Оман 3. Јуроајс Класик 4. Милано-Санремо 6. Гран при де Фурмје 9. Краен пласман Трка Дубаи 2019 1. 20п Краен пласман Трка околу Норвешка 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 5 1. Гент-Вевелгем 1. Гран при Кантон Аргау 1. Етапа 1 Трка околу Оман 1. Етапа 1а Трка околу Словачка 1. Етапа 2 Трка околу Германија 3. Трка околу Фландрија 3. Трка околу Франкфурт 4. Европско друмско првенство 4. Јуроајс Класик 7. Светско друмско првенство 7. Класик Лондон-Сари 7. Бриселски велосипедски класик 2020 1. Етапа 1 Тур де Франс 2. Класика де Алмерија 3. Трка околу Фландрија 3. Курне-Брисел-Курне 2021 1. 20п Бодовен пласман Арктичка трка на Норвешка 2. Трофео Алкудија-Порт д’Алкудија 3. Краен пласман Трка околу Германија 1. Етапа 2 1. Етапа 4 3. Ешборн-Франкфурт 5. Трофео Сера де Трамунтана 6. Дварс дор Вландерен 2022 1. Класика де Алмерија 3. Милано-Торино 1. Етапа 2 Трка околу Германија
Распоред на резултатите на класиците
Монумент 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022Милано-Санремо — — 131812644 14 83 893Трка околу Фландрија — — 1545145 1633 1810Париз-Рубе СО СО 579 СО10 48 СО 57 56НСО 14 12 Лиеж-Бастон-Лиежcolspan=13 rowspan=2 Џиро ди Ломбардија Класична трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022Омлоп Хет Ниусблад — — 101 138 77 11 СО СО — — СО 58 60Курне-Брисел-Курне СО —9НСО 1122 21 — —3 40 11Дварс дор Вландерен — 112 — 20 13 — — — 76 12НСО6 Е3 Харелбеке — — 94 — —4 53 27 40 21 66 Гент-Вевелгем — — 57 14 119 СО 73 251 19 28 Схелдепрејс107 175 151 15 — — — 13 33 Трка околу Франкфурт — —6 —1 —1113НСО3 Јуроајс Класик4 14 113125434НСО Класик Бретања — — — СО8132 11 — — —
СО = се откажал— = не учествувал; НСО = не се одржала
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 Џиро 157 149 ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕОсвоени етапи 0 0 — — — — — — — —Бодовен пласман 30 8 — — — — — — — — Тур ДНЕ ДНЕ 147 125 130 149 130 114 139 132Освоени етапи — — 0 2 0 0 0 1 0 1Бодовен пласман — — 5 2 10 5 4 2 18 11 Вуелтаcolspan=10 rowspan=3 Освоени етапиБодовен пласман
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Норвешки велосипедисти Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Олимписки велосипедисти на Норвешка Категорија:Олимписки бронзени медалисти за Норвешка Категорија:Олимписки медалисти во велосипедизам Категорија:Луѓе од Осло Категорија:Етапни победници на Тур де Свис Категорија:Норвешки етапни победници на Тур де Франс