Очипала, се среќава и како Очипале или Очипаре — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Куќи во селото
Очипала се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево, на оддалеченост од околу 5 км од Делчево. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 600 метри. Неговиот атар зафаќа површина од 6,7 км2.
Историја Во почетокот на XX век, Очипала било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.
Стопанство Селото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 212 ха, шумите се на површина од 218 ха, а на пасишта отпаѓаат 179 ха.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Очипала живееле 10 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.229.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 92 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 73 жители, од кои 72 Македонци и 1 лице без податоци.
Родови Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
Македонски
Доселеници: Топчији (6 к.) доселени се во 1885 година од селото Драмче; Прдловци (3 к.) доселени се во 1910 година од селото Бигла; Малчове (3 к.) доселени се во 1911 година од селото Бигла; Мишеве (5 к.) доселени се во 1913 година од селото Бигла; Дуовци (4 к.) доселени се во 1914 година од селото Драмче; Јовановци (5 к.) доселени се во 1914 година од селото Киселица; Мандалевци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Драмче.
Општествени установи Во селото има основно училиште до четврто одделение.
Самоуправа и политика Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1950 година.
Избирачко место Во селото постои избирачко место бр. 0589 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на старото училиште.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 82 гласачи.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.
Културни знаменитости
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Врница — могила од римско време Јурто — населба од доцноантичко време Пресечен Камен — градиште — градиште од доцноантичко време Топчин Могила — могила од римско време Чукарче — старохристијанска црква и некропола
Цркви
Црква „Св. Јован Крстител“ — нова црква во изградба
Личности
Родени во Очипала Ратко Димитровски (р. 1956) — македонски стопанственик и политичар, поранешен градоначалник на Кочани
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево