Куново — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Селото сместено високо во Осоговските Планини
Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип. Од градот Кратово селото е оддалечено седум километри. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.300 метри.
До селото се стигнува преку земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 29271.
Стопанство
Атарот на селото не е голем и зафаќа простор од 5,1 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 315 хектари, на пасиштата отпаѓаат 134 хектари, а на обработливите површини само 44 хектари.
Во основа, може да се каже дека селото нема некоја значајна земјоделска функција.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година Куново има 90 жители, сите Македонци христијани.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 223.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.
Куново е мало село, коешто се наоѓа во фаза на наполно раселување. Тоа, во 1961 година броело 166 жители, а во 1994 година, само седум жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Куново живееле 3 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Самоуправа и политика
Кон крајот на век, Куново било село во Кратовската Каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Мушково, во која влегувале селата Емирица, Каврак, Кнежево, Којково, Куново и Мушково.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0908 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа во селото Луково. Во него се опфатени селата Близанци, Куново и Луково.
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.
Личности
Родени во или по потекло од Куново Младен Тонев (1923-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Починати во Куново Илија Трајков (?-1925) — македонски револуционер, војвода на ВМРО
Галерија
Поврзано Општина Кратово Кратово
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кратовски села Категорија:Села во Општина Кратово Категорија:Раселени села во Македонија