мини|десно|150п|Ариевско уверение од 1943 г. мини|десно|150п|Родословна исправа мини|десно|150п|Родословна табела во својство на ариевско уверение Ариевско уверение () — документ кој сведочи дека лицето е припадник на ариевската раса. Почнувајќи од април 1933 г. овој документ станал задолжителен по закон за сите чиновници во јавниот сектор, вклучувајќи ги просветните работници.

Постоеле два типа на уверение:

„Мало ариевско уверение“ (Kleiner Ariernachweis) се добивало со поднесување на едно од следниве три: седум изводи од матична книга на родените или крштеници (лицето, неговите родители и баби и дедовци) и три венчаници (од родители и баби и дедовци) или нивни заверени примероци. „Родословна исправа“ (Ahnenpass), „Родословна табела“ - потврден генеалошки извод (Ahnentafel) или „Големо ариевско уверение“ (Großer Ariernachweis) што се барало за оние што поднесувале пријавници согласно Законот за наследство на земја (Reichserbhofgesetz) и за членство во НСДАП. За добивање на документот, барателот требал да го проследи семејното потекло до 1800 г. (до 1750 г. за офицери на СС).

Правната основа на уверението бил ставот 3 (т.н. „ариевски став“) од „Законот за обнова на чиновништвото“ (Gesetz zur Wiederherstellung des Berufsbeamtentums) од 7 април 1933. Првото напатствие за негова примена, објавено на 11 април 1933 г. гласи:Erste Verordnung zur Durchführung des Gesetzes zur Wiederherstellung des Berufsbeamtentums (11.04.1933)

Поврзано Нирнбершки закони „Уверение за германска крв“ — за мешанци (Mischlinge)

Наводи Eric Ehrenreich. The Nazi Ancestral Proof: Genealogy, Racial Science, and the Final Solution. Bloomington, IN: Indiana University Press, 2007. ISBN 978-0-253-34945-3

Категорија:Евгеника Категорија:Националсоцијализам Категорија:Лични исправи