Генерал Ханс фон Сект (; - ), бил висок офицер во германската армија. Во текот на Првата светска војна бил на Источниот фронт. По војната, како началник на генералштабот (1919-1920) го организирал Рајхсвер (Reichswehr), се залагал за сојуз со болшевичка Русија против Полска, но за време на Каповиот пуч, 1920 година, одбил да издаде наредба за настап према пучистите (Рајхсвер не пука кон Рајхсвер!). Во периодот од 1930 до 1932 година, како член на Народната партија, бил пратеник во Рајхстагот, а од 1934 до 1935 бил советник на Чанг Кај Шек.

Поврзано Рајхсвер Рајхстаг

Категорија:Германци од Првата светска војна Категорија:Германски генерали Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (воен) Категорија:Починати во Берлин Категорија:Носители на Железниот крст (1914) од I класа Категорија:Носители на орденот „За воена заслуга“ (Бугарија)