Димитар Бужбов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Животопис Бужбов е роден во градот Охрид. При избувнувањето на Првата балканската војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во 3-та оделна партизанска чета и во зборната партизанска чета на МОО. Награден е со бронзен медал „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 102..

По Првата светска војна се утврдува во Корча, Албанија, и заедно со сограѓанинот Иван Златарев создаваат база на Внатрешната македонска револуционерна организација, ја помага револуционерната дејност во западна Македонија Михайлов, Иван. Спомени, том 2, Льовен, 1965, стр. 157, 716.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 59..

Наводи

Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Носители на орденот „За заслуга“ (Бугарија) Категорија:Починати во 1944 година