Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ — приватен универзитет со седиште во Свети Николе, кој започнал со работа во 2004 година како претставник на Mеѓународниот славјански универзитет од Русија, на територијата на Република Македонија преку дописно-вонредно студирање. Основач на оваа високообразовна установа е проф. д-р Јордан Ѓорчев.
Универзитет е наречен во чест на истакнатиот руски поет Гаврило Державин располага со два кампуси во Свети Николе и Битола и е втор дом на повеќе од 2000 студенти. Универзитетот е составен од пет факултети и два институти (Институт за инженерска економија и Институт за култура и уметност ). Универзитетот има програми за стипендирање на сите факултети, а организира и настани за студентите.
Историја Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин” започнал со работа во 2004 година во Свети Николе како претставник на Меѓународниот славјански институт - Москва од Руската Федерација на територијата на Република Македонија со начинот на дописно - вонредно студирање. Од самиот почеток заклучно до 2008 година, под име „Меѓународен славјански институт“ во Р Македонија работел под акредитација на Министерството за образование на Руската Федерација и Решение од Владата на Р Македонија за работа како странска високообразовна установа (Решение бр. 12-8157/1 од 20 јули 2005).
Со отпочнувањето со работа во 2004 година, започна да функционира Факултетот за економија и организација на претприемништвото со насоки Менаџмент и претприемништво и Финансии и банкарство. Наредната, 2005 година, покрај Факултетот за економија и организација на претприемништвото започнал со работа и Факултетот за психологија со насоката Општа психологија.
Со оглед на зголемениот интерес на студирање на територијата на Република Македонија, во 2006 година, универзитетот, својата работа ја проширил со отворањето на кампусот во Битола.
Во 2008 година согласно измените на Законот за високото образование и применувањето на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) се извршени усогласувања на наставните програми согласно Болоњската декларација и се здобиле со акредитација Факултетот за економика и организација на претприемништвото и Факултетот за психологија од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија. Истата година, установа била ребрендирана во Меѓународен славјански институт „Г. Р. Державин“ – Свети Николе.
Во 2011 година акредитиран бил Факултетот за информатика со две студиски програми (Софтверски технологии и Компјутерски системи и мрежи). Истата година акредитирани биле и две студиски програми на втор циклус на студии на Факултетот за економија и организација на претприемништвото (Маркетинг менаџмент и Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија и две студиски програми на Факултетот за психологија (Клиничка и советодавна психологија и Психологија во социјалната заштита).
Во 2012 година акредитиран бил Факултетот за безбедносно инженерство со 6 студиски програми од прв и втор циклус на студии, како прв и единствен факултет во Р Македонија од овој вид. На прв циклус на студии се акредитирани насоките Безбедност при работа и Безбедност од пожар , а истите насоки - Безбедност при работа и Безбедност од пожар - се акредитирани и за специјалистички и магистерски студии. Овој факултет има свое годишно научно списание.
Во 2013 година, установата била преобразена во универзитет и го добила името Меѓународен славјански универзитет „Г. Р. Державин“ - Свети Николе - Битола.
Во 2014 година била добиена акредитација за Факултетот за правни науки, прв циклус на студии.
Во 2016 година Факултетот за информатика при овој универзитет добил акредитации за две насоки на втор циклус на студии: Софтверски технологии и Компјутерски системи и мрежи.
Во 2017 година биле добиени акредитации за пет насоки на втор циклус на Факултетот за правни науки:
Административно право и јавна администрација;} Граѓанско право; Казнено право; Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија Финансии и деловно право
Симболи на универзитетот Грб мини|200п|Бистата на Гаврила Романович Державин во дворот на универзитетот. Грбот на МСУ е со тркалезен облик. Во средината е поставен портрет од Г. Р. Державин, а кон надворешните рабови е испишано името на универзитетот. На долниот дел од грбот стои отворена книга, како симбол на знаењето и образованието.
Грбот на универзитетот се употребува на издадените дипломи, сертификати, меморандумите итн. Златна верзија од грбот била употребувана за 10-годишниот јубилеј. Истата верзија се употребува и за плакетата „Державин“ која е врачувана на лица кои дале значителен придонес во развојот на универзитетот.
Студентска химна Химната на универзитетот е напишана од Лазар Цветкоски, а изведувачи се познатите македонски пејачи Димитар Андоновски и Дарко Илиевски, кои биле студенти на овој универзитет.
Слогани
Живеј ја својата визија (2015) Студирајте на Славјански денес за да го освоите светот утре (2016) Мојата визија. (2018)
Инсигнии МСУ има посебни инсигнии за ректорот, проректорот, деканите и продеканите. Ректорските и проректорските инсигнии се состојат од пет меѓусебно поврзани гравури, а на средишната гравура е поставен ликот на Г. Р. Державин. Деканските и продеканските инсигнии се состојат од три меѓусебно поврзани гравури, а на средишната гравура е поставен ликот на Г. Р. Державин.
Патронен празник Патрониот празник на МСУ е 21 март, Светскиот ден на поезијата. Секоја година патрониот празник се одбележува со посебна свечена програма која се одржува на една од единиците на МСУ. Во свечената програма земаат учество и студентите на МСУ и на тој ден не се изведува настава.
Патрониот празник на МСУ се одбележува на свечен начин, секоја година. На единиците се организираат свечености и на тој ден не се изведува настава. Програмата за патрониот празник се подготвува и уредува од Институтот за култура и уметност.
Одора МСУ определува одори за ректорот, проректорите, деканите и продеканите. Одората се одликува со бордо боја со украси и везови во златна боја кои започнуваат од предната страна и преку рамениците се протегаат до грбот. Основата на одората е иста за ректорот, проректорите, деканите и продеканите.
На ректорската одора има правоаголен додаток во златна боја кој служи како подлога за инсигниите. На проректорската, деканската и продеканската одора се додаваат само инсигниите. Одората се користи при свечени настани на МСУ, прослави, промоција на нови генерации, претставување на МСУ или единиците на меѓународни и меѓууниверзитетски средби и слични активности.
Студиски програми мини|250п|Дипломско-магистерска свеченост на универзитетот во 2018 година. Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ на своите пет факултети нуди повеќе наставни програми за додипломски и последипломски студии.
Додипломски студии: Факултет за економија и организација на претприемништвото
Менаџмент и организација на претприемништво (4+1) Финансии и банкарство (4+1)
Факултет за психологија
Општа психологија (4+1)
Факултет за информатика
Софтверски технологии (3+2) Компјутерски системи и мрежи (3+2)
Факултет за безбедносно инженерство
Безбедност при работа (3+2)
Факултет за правни науки
Правни студии (општи тригодишни студии) (3+1+1) Изборни модули Административно право и јавна администрација (3+1+1) Граѓанско право (3+1+1) Казнено право (3+1+1) Меѓународно јавно право, право на ЕУ и диппломатија (3+1+1) Финансии и деловно право (3+1+1)
Последипломски студии: Факултет за економија и организација на претприемништвото
Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија (4+1) Маркетинг менаџмент (4+1)
Факултет за психологија
Психологија во социјалната заштита (4+1) и (3+2) Клиничка и советодавна психологија (4+1) и (3+2)
Факултет за информатика
Софтверски технологии (3+1+1) Компјутерски системи и мрежи (3+1+1)
Факултет за безбедносно инженерство
Безбедност при работа (3+2)
Факултет за правни науки
Административно право и јавна администрација (3+1+1) Граѓанско право (3+1+1) Казнено право (3+1+1) Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија (3+1+1) Финансии и деловно право (3+1+1)
Меѓународна и меѓууниверзитетска соработка
Договори за соработка со универзитети надвор од Македонија Соработката со Државниот универзитет во градот Тамбов, Руска Федерација со кој МСУ е во корпоративна соработка, дефинитивно е една од најзначајните и суштински соработки кои ги има универзитетот. Во однос на оваа соработка, веќе успешно се реализира програмата за двојни дипломи. Согласно билатералниот договор потпишан помеѓу Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин” и Универзитетот од Велико Трново, од 2018 година упис на кандидати за докторски студии се врши на Меѓународниот славјански универзитет во Македонија. Согласно договорот потпишан помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” и Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, програмата „Бизнис и организација“ на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана од 2018 година е достапна на Меѓународен Славјански Универзитет.
Во моментот МСУ има склучено вкупно 20 договори со универзитети надвор од Македонија.
1. Тамбовски државен универзитет „Г. Р. Державин“ – Тамбов, Русија
2. Московски државен регионален универзитет – Москва, Русија (05.08.2015)
3. Липецки државен педагошки универзитет – Липецк, Русија (15.04.2016)
4. Северно-Кавкаски Федерален универзитет – Ставропол, Русија (25.10.2014)
5. Југозападен универзитет „Неофит Рилски“ – Благоевград, Бугарија
6. Универзитет „Мегатренд“ – Белград, Србија (14.12.2010)
7. Универзитет „Јуридикум“ – Виена, Австрија (08.01.2013)
8. Педагошки факултет во Врање – Државен универзитет Ниш – Ниш, Србија (02.12.2016)
9. „Паневропски универзитет“ – Бања Лука, Република Српска (04.05.2015)
10. Универзитет „Витез“ – Травник, Босна и Херцеговина (16.03.2012)
11. ВСУ „Черноризец Храбар“ – Варна, Бугарија (20.05.2013)
12. Алфа БК универзитет – Србија (18.07.2015)
13. Педагошки факултет- Врање, Србија (02.12.2016)
14. Азурлингва – Ница, Франција (09.01.2017)
15. Гетијде колеџ – Холандија (06.02.2017)
16. Великотрновски универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Велико Трново, Бугарија (27.01.2016)
17. Уралски федерален универзитет „Првиот претседател на Руската Федерација – Борис Николаевич Елцин“ – Екатеринбург, Руска Федерација (22.12.2017)
18. Економски факултет при Универзитетот во Љубљана, Словенија. (30.04.2018)
19. Технички универзитет – Габрово, Бугарија (07.08.2015)
20. Висока школа за бизнис економија и претприемништво – Белград, Србијa(09.06.2017)
21. Висока школа „ЦМС – Центар за мултидисциплинарни студии“ – Тузла, БиХ (26.12.2016)
22. Универзитет по библиотекознание и информациски технологии – Софија, Бугарија (30.05.2012)
23. Висока школа за телекомуникации и пошти – Софија, Бугарија (23.11.2019)
24. Универзитетот „Фехми Агани“ – Ѓаковица, Република Косово (23.09.2021)
25. Факултетот за хотелиерство и туризам – Врњачка Бања, Универзитет во Крагуевац (28.05.2021)
26. Анекс на договор за соработка со Паневропски Универзитет „Апеирон“ – БиХ, Р. Српска, Бања Лука (04.05.2015)
27. Универзитет во Чандигар – Индија (16.11.2021)
28. Договор за соработка со Колеџ за меѓународен менаџмент „Глобус“ – Приштина, Косово (05.01.2022)
29. Договор за соработка со Државен аграрен Универзитет во Одеса – Одеса, Украина (16.02.2022)
30. Киевски национален Универзитет за технологија и дизајн – Киев, Украина (16.02.2022)
31. Меморандум за соработка со Висока школа за безбедност и економија – Пловдив, Бугарија (18.02.2022)
32. Договор за соработка со Махариши Маркандешвар – Муллана – Амбала, Индија (18.04.2022)
33. Договор за соработка со Сулејман Демирел Универзитет – Испарта, Турција (18.04.2022)
34. Меморандум за соработка со Универзитетот во Ниш, Србија (24.05.2022)
Конференции и научни публикации