Изразот Салиски закон () се однесува на две сосем различни вистини. Во раниот среден век, тоа е законски кодекс кој, според историчарите, бил изготвен меѓу почетокот на 4 и 6 век за Франките наречени « Салијци », на кои Хлодовик им бил еден од првите кралеви. Овој кодекс, напишан на латински, и кој во себе содржел доста позајмици од римското право Bruno Dumézil, Les Francs ont-ils existé ?, dans la revue L'Histoire, n° 339, février 2009, pp. 80-85., меѓу останатото пропишал и правила кои треба да се следат во однос на наследството во рамки на овој народ. Повеќе векови после Хлодовик, во текот на 14 век, еден член од овој закон бил откопан, изолиран од неговиот контекст, употребен од правниците на кралската династија Валоа за да ја оправда забраната на жените да го наследуваат престолот на Франција. На крајот на средновековието и на почетокот на модерната историја, изразот Салиски закон ги опишува правилата за наследство на престолот на Франција. Овие правила биле потоа имитирани и во други европски кралски монархии. Лишувањето на жените од власт преку овој закон се потпира на одреден број грешни толкувања, на лаги и на извртувања на историјатаÉliane Viennot, La France, les femmes et le pouvoir -L'invention de la loi salique (V-XVI siècle), Volume 1, Éditeur Perrin, 2006, а сето тоа предизвикало и отпори и конфликти уште во 13 век.
thumb|250px|right|Копија на ракописот на Салискиот закон од 8 век. Париз, Национална библиотека на Франција.
Особености Првиот салиски закон, според некои историчари, потекнувал од 4 век, и било кривично и граѓанско право кое важело само за Франките наречени « Салијци ». Отпрвин меморизиран и пренесуван усно, овој закон бил ставен во писмена форма на почетокот на 6 век, по барање на ХлодовикJacques Marseille, Le royaume des Francs, p. 25, крал на Франките, потоа последователно бил преправан повеќепати, сè до периодот на Карло Велики. Сепак, бројни историчари денес ја оспоруваат староста на првата верзија на законот, напишана на латински, и велат дека истиот датира од 6 век."Dumézil". Термините користени во пишаната верзија и применетите принципи сведочат дека овој закон се потпирал како на Римското право така и на германската традиција.
Имало најмалку осум верзии на законот а првата верзија го носела името Pactus legis salicæ и потекнувала од времето на кралот Хлодовик.
Историски, во овој закон долго време се гледал како транскрипција на германските обичаи. Меѓутоа, неговиот вовед претставува четири франкиски водачи како законодавци и ги именува градовите каде законот бил прогласен. Овие имиња се наоѓаат во нивната латинска форма во римските административни извори, што ни кажува дека Франките, прогласувајќи закон кој се применувал на територијата на империјата, биле впрочем римски офицери кои имале свои војски насекаде низ Римското Царство, а некои од нив дури и масакрирале други франкиски лиги (сојузи).
Други верзии на законот биле изработени до средината на 9 век. Законот бил проширен, изменет и адаптиран на потребите на времето. Така, за одредени членови на законот е тешко да се прецизира од кога точно потекнуваат.
Меѓу остатоците, се констатира прогресивна замена на вергилдот, систем каде казната се преговара да биде заменета со отштета исплатена на кралската власт. Политичката ситуација полека се менувала во 5 век а меровиншките кралеви сè помалку почитувале друга власт освен својата и така го зајакнувале само нивното влијание врз општеството. Во тој поглед, салискиот закон означува пренос меѓу германските структури и средновековното кралство.
Еден член од Салискиот закон ги одредува, меѓу другото, тарифите кои оптужената страна треба да ги исплати на оштетената страна: допирање жена за дланка: казна од 15 суа ; допирање жена од дланката до лактот : казна од 30 суа ; допирање жена од лактот до рамото: казна од 35 суа ; допирање жена за градите : казна од 45 суа ; убиство на Франк или на Римјанин : казна од 100 до 200 суа.
Целта на овој член на законот, во случај на силување, било да се спречи крвната одмазда. Семејството на жртвата било обесштетувано со сума согласно извршениот злостор, « крвна отштета » (вергелд). Во случај на неисплата, избивала војна меѓу членовите на засегнатите семејства со цел да се одмазди злосторството. Законот воедно припишувал и поединецот кој ќе биде убиен заради крвна одмазда, главата да му биде забодена на кол на тврдината или на копјето на неговиот убиец со што ќе се сигнализира на властите дека правдата била задоволена.
Инцестуозните бракови исто така биле забранети : .
Во 511, во Салискиот законик објавен од страна на Хлодовик I, преносот на добрата и имотот се прави преку агнати (роднини по татко) и когнати (роднини по мајка).
Клучниот член : De allodis Членот 62 од првата верзија (pactus) се однесува на наследството, односно на имотите (земјите) на чија полна сопственост располагала некоја семејна група. После повеќе члена кои дозволувале на жените да ги наследуваат тие земји, еден кус пасус во врска со наследните права на жените подоцна бил честопати изменуван. Впрочем: Додека првата верзија прецизира дека ; Последната верзија на текстот изјавува дека Оваа последна формулација на пасусот од законот околу наследството се појавува во каролиншките верзии на Салискиот закон.
Точната дефиниција на изразот ‘’салиска земја” («terra salica») не се прецизира во текстот.
Белгискиот историчар Годфроа Курт зборува за „франкиска земја“ која одговара на една галска територија ситуирана меѓу Лоара и Јагленовата шумаGodefroid Kurth, Clovis, éditions Tallandier, 2000, p.467... Една хипотеза предлага дека се работи за некоја земја која се пренесува од колено на колено, или пак семеен имот, во срцето на кралството. Во секој случај, сигурно е дека изразот «салиска земја » не се однесува на целата земја (односно територија) на кралството на Салиските Франки, од проста причина што во 4 век не постоело такво гледање на нештата, односно не била иста претставата во однос на границите: законски географски граници биле оние на летските префектури кои биле под власта на римските генерали од франкиско потекло (или од други „варвари“) кои пак владееле во име на римскиот цар. Согласно ваквите хипотези на историчарите, салиска земја, веројатно би била онаа земја во провинциите во кои Салиските Франки биле населени и служеле како Лети (сојузници и соработници на римската војска), со што впрочем и се објаснува зошто жените го немале нејзиното право со фактот дека тие не можеле да и служат на римската војска. Целта на овој пасус во законот значи била да се осигура дека овие земји (територии), добиени благодарение на еден воен летски режим, останат во рацете на оние мажи кои се способни да војуваат.
Враќање на Салискиот закон во 15 век thumb|400px|десно|Оваа илустрација од крајот на средниот век претставува « крал на Франките » кој го диктира Салиското право. Ова е подоцнежна фиктивна претстава (која не е сосем верна на историската реалност) која сведочи за обновениот интерес за овој закон од 14 век па натаму.
Во 15 век, макар што Салискиот закон тогаш веќе ретко се применувал и бил паднат во заборав, се направило ново толкување на правилото околу наследството, за да се поддржат претензиите на капетинското семејството Валоа за престолот на ФранцијаLaurent Theis, « Loi salique : il n'y aura pas de reine de France », Les collections de L'Histoire, n° 34, p. 47. Произлезени од една помлада гранка на династијата Капети, припадниците на семејството Валоа се нашле во спротивна позиција со Плантагенетите од Англија кои, потомци на Капетите по женска линија, исто така имале претензии околу круната на Франција. Со прибегнувањето кон некакви правни толкувања на Салискиот закон од минатото, се овозможило да се оправда исклучувањето на жените од наследството и да ѝ се даде законска основа на монархијата на династијата Валоа.
Проблемите околу наследството на почетокот на 14 век Од Иго Капет па сè до Луј X, потоа, мошне кусо, на синот на последниот, Јован I, починат кусо време по раѓањето, круната на Франција непрекинато била пренесувана од татко на син со тоа што првите Капети ги презеле потребните мерки да се утврди правилото постариот син да го наследува престолот – функција што тие од изборна ја претвориле во наследна. Ова безгрижно наследство, во совршен континуитет од 987 до 1316 во кој период по еден машки наследник на секоја генерација бил спремен да го наследи својот татко, ги натерало историчарите овие генерации да ги квалификуваат како « капетинско чудо ».
Меѓу 1316 и 1328, односите на сила ќе го диктираат наследството на последните директни припадници на Капетинската династија. Тука главно станувало збор за политички избори што се правеле без да се повикуваат на стариот Салиски закон.
Така, принципот на машки наследник ќе стане еден од фундаменталните принципи на кралството на ФранцијаFrançois Olivier Martin, membre de l'Institut, professeur à la Faculté de droit de Paris, Précis d'histoire du droit français, 1938, p.227. Затоа наследството од 1316, а потоа и она од 1328, ќе се извршат по овој принцип: Само мажите можат да дојдат на власт, односно на престолот, и само тие можат да ја пренесуваат власта.
Добар пример за овој принцип е наследството на Анри III во 1589, кога во конкуренцијата за француската круна се јавиле повеќе претенденти. Од нив, само Анри од Навара потекнувал од кралско семејство по машка линија со што и ја добил поддршката за добивање на круната.
Наследството на Луј X (1316) Во 1316, Луј X Кавгаџијата, крал на Франција и на Навара, син на Филип IV Убавиот, умира без машки наследник. Зад себе оставил една ќерка која била на мала возраст Јована II Наварска, ќерка на Маргарита Бургундска, и трудна жена, Клеменција Унгарска. Таа се породила пет месеци подоцна но нејзиниот син починал неколку дена по раѓањето. Братот на Луј X, Филип, грофот на Поатје, во тоа видел прилика тој самиот да стане крал на Франција и на Навара: склучил договор со Одо IV Бургундски, вујкото на Јована II, за овој да биде регент на сќе уште нероденото дете во случај истото да биде машко. Доколку, од друга страна, детето биде женско, тоа ќе биде исклучено од престолот исто како нејзината постара сестра, но само додека не стане полнолетна. Се чини дека со ова сепак се оставало можноста на двете девојчиња, особено на Јована, да дојдат на престолот на Франција. Меѓутоа, тоа воедно оставало простор и време Филип, грофот на Поатје да се подготви за иден крал на Франција.
Наследството на Јован I Посмртниот (1316 - 1317) Детето на кралицата Клеменција, кое се родило на 15 ноември 1316, било машко. Го добило името Јован и општо се нарекува Јован I, односно Јован I Посмртниот. Кралското дете починало неколку дена по раѓањето. Филип тогаш ги прекршил претходните договори со Одо од Бургундија: се прогласил за крал на Франција и Навара и бил крунисан на 6 или на 9 јануари 1317, под висока воена заштита. Филип, наречен Долгиот, бил прогласен за узурпатор од страна на Агнес од Франција, мајка на Маргарита Бургундска, баба на Јована и ќерка на Свети Луј. Таа побарала да се состанат перовите а Филип V прифатил. Собрание од адвокати, благородници, и доктори на Универзитетот било свикано во февруари 1317. Филип V побарал право да изложи аргументи кои го оправдуваат неговото право да дојде на престолот на Франција Claire Saguez-Lovisi, Les lois fondamentales au XVIII : recherches sur la loi de dévolution de la couronne, 1983, p.116. Ова собрание било согласно околу изјавата дека со тоа формализирајќи ја невозможноста на било која жена да дојде на престолот на Франција, принцип кој ќе остане прифатен до денес. Во тој момент, тие сè уште не се повикувале на Салискиот закон: аргументите изложени од страна на Филип V биле во однос на степенот на неговата блискост со Свети Луј.