Билтен (Скопје, август-септември 1943) бил орган на Поверенството на Главниот Штаб на НОВ и ПОМ за подрачјето на Четвртата оперативна зона, на македонски јазик. Објавени се неколку броја, а сочувани се само првите два броја. Негов главен уредник бил Кузман Јосифовски Питу. Меѓу другото, во првиот број е објавена и хроника на дејствувањето на една партизанска единица во Тиквешијата, а во вториот број се соопштува и за убиството на ваташките младинци.
Наводи
Литература Македонска енциклопедија (прва книга). „МАНУ“, Скопје 2009 година.
Категорија:Народноослободителна војска на Македонија Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:НОБ